10 филмови и серии со жени хероини кои инспирираат
Серијата Mrs. America која прикажува важен дел од историјата на феминистките во САД или, пак, Zero Dark Thirty која ги покажува предизвиците на жена вработена во ЦИА која пробува да го фати Осама бин Ладен.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, вреди да им се даде предност на филмови и серии каде главните улоги им припаѓаат на жени.
Некои се само фантазија, а некои се инспирирани од вистински настани, но има навистина одлични филмови и серии кои одлично ги прикажуваат битките на жените од сите слоеви на општеството.
Пет филмови со инспиративни жени во главните улоги:
Hidden Figures
Снимен според вистински настани, главните ликови се три жени математичари, кои воедно се Афроамериканки.
Додека соработуваат со НАСА за лансирањето на астронаутот Џон Глен, мораат да се справат со расната и половата дискриминација во нивната работна околина.
Winter’s Bone
Со Џенифер Лоренс во главната улога, Winter’s Bone е напнат трилер.
17-годишна девојка живее во рурална област во Мисури и се грижи за нејзината мајка со проблеми со менталното здравје, како и нејзините помали брат и сестра.
За да го спаси семејството од бездомништво, мора да даде сè од себе за да го најде нејзиниот татко кој бил уапсен за производство на метамфетамин.
Kill Bill (Vol. 1 и Vol. 2)
Во овој случај станува збор за два филма, бидејќи приказната е поврзана.
Во можеби најпопуларниот филм на Квентин Тарантино, главниот лик е „Невестата“ – жена која работи како платен убиец.
Откако нејзиниот шеф брутално ја напаѓа, таа завршува во кома, но четири години подоцна тргнува на мисија да му се одмазди.
Zero Dark Thirty
Zero Dark Thirty е снимен според мисијата за потрагата и убиството на Осама бин Ладен од страна а на АД.
Главниот лик е вработена во ЦИА која по нападите на 11-ти септември, со нејзиниот тим пробува да го лоцира бин Ладен и да го елиминира.
Suffragette
Уште еден филм инспириран од вистинска приказна, овој пат за борбата на активистките за право на глас во Англија.
Главниот лик е 24-годишна девојка која одлучува да им се придружи на другите жени, подготвена да се соочи со сите можни последици.