10 филмови и серии со жени хероини кои инспирираат
Big Little Lies
Група пријателки од богата населба во Калифорнија имаа навидум совршен живот.
Но, многу работи се менуваат откако во нивното идилично гратче се случува убиство.
Серијата има одлична актерска екипа која ги вклучува Никол Кидман, Рис Витерспун, Лора Дерн и Мерил Стрип.
The Handmaid’s Tale
Снимена според истоимената книга на Маргарет Атвуд, дејството на серијата е сместено во блиска иднина на територијата на САД.
Во оваа нова реалност каде повеќето жени имаат проблеми со неплодност, оние кои можат да раѓаат се третирани како робинки кои се присилени да раѓаат деца за богатите семејства.
Mrs. America
Mrs. America е уште една екранизација на долгата борба на жените за рамноправност.
Дејството е сместено во 1970-тите, кога феминистките од целата земја се залагаат за еднакви права. Но, конзервативна активистка пробува да ги сопре во намерата.
Orange is the New Black
Скоро целото дејство на Orange is the New Black e сместено во женски затвор(и).
Главните ликови се затвореничките и вработените во затворот, а серијата многу добро ги прикажува предизвиците на жените зад решетки.
Outlander
Историската драма со мала дозна на фантазија се фокусира на млада жена која по завршувањето на Втората светска војна, сосема случајно патува назад во времето.
Одеднаш се наоѓа во Шкотска во 1743 година и бара начин да се врати во своето време, додека ги искуства предизвиците на жените од тој период.
Спирова С. | Црнобело