10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството
Долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday, филмот инспириран од познатата видеоигра Minecraft или мјузиклот Wicked со дејство сместено во волшебната земја Оз - што ќе гледате овој празничен викенд со семејството?

Пред нас е продолжен празничен викенд што претпоставуваме дека ќе го поминете во кругот на семејството.
А, штом веќе сте се собрале сите, можеби ќе бидете расположени и за филмски маратон.
Десет филмови во кои можете да уживате со целото семејство:
Enola Holmes
Ако ви се допаѓаат приказните (и филмовите и сериите) со Шерлок Холмс, тогаш ќе уживате и во Enola Holmes.
Енола е сестрата на веќе добропознатиот Шерлок Холмс која е исто интелигентна како него.
Кога нејзината мајка исчезнува, 16-годишната Енола почнува да работи на својот прв случај – треба да открие што ѝ се случило.
Филмот има и едно продолжение – Enola Holmes 2.
Spider-Man: Homecoming
Спајдермен е најпопуларниот херој на Марвел и досега се снимени бројни филмови со него, но дефинитивно се истакнуваат филмовите со Том Холанд во главната улога, од кои првиот е Spider-Man: Homecoming.
Во новата адаптација, Питер Паркер е средношколец кој пробува да се докаже како суперхерој со надеж дека ќе стане дел од елитните „Одмаздници“ (Avengers).
Во меѓувреме, неговиот најдобар пријател Нед го открива неговиот таен идентитет – Спајдермен.
A Minecraft Movie
Снимен според ултрапопуларната истоимена видеоигра, A Minecraft Movie е навистина забавна авантура.
Главните ликови се група луѓе кои преку портал, сосема случајно влегуваат во чудниот свет познат како Overworld, каде што нивната имагинација е единствениот лимит.
Додека пробуваат да се вратат дома, сретнуваат маж кој со години е заглавен во истиот свет.
Free Guy
Со Рајан Рејнолдс во главната улога, Free Guy на забавен начин прикажува како би изгледал животот на NPCs – ликовите во видеоигрите со кои играчот не може да игра – доколку се свесни.
Главниот лик е токму ваков лик кој почнува да сфаќа дека не е реален, туку дека постои само во масивна онлајн видеоигра.
Додека пробува да си го смени животот, почнува да го привлекува вниманието на луѓето од реалноста кои стојат зад видеоиграта.
Wicked
Мјузиклот со Синтија Ериво и Аријана Гранде важи за еден од подобрите филмови од 2024 година.
Приказната е инспирирана од добропознатата книга „Волшебникот од Оз“.
Главните ликови се две вештерки кои учат во исто училиште и се блиски пријателки, но нивното пријателство е ставено на тест.
