10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата)
Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма која веќе се вбројува меѓу најдобрите HBO серии на сите времиња.

Иако можеби Нетфликс ги прослави стриминг платформите, факт е дека кога се серии во прашање, ништо не се ни споредува со HBO.
Со години наназад сериите во продукција на HBO се меѓу најдобрите, а се гледаат и долго откако ќе завршат.
10 серии на HBO од изминатите неколку години кои вреди да ги изгледате:
Hacks
Дебора Ванс е стенд-ап комичарка која мора да направи голема промена во своето шоу доколку сака да си ја спаси кариерата.
Ава Даниелс, пак, е млада писателка која почнува да работи за неа.
Мрачната комедија се фокусира на нивниот невообичаен однос и проблемите што ги мачат и двете жени.
The Dark Wizard
The Dark Wizard е документарна серија со четири епизоди која се фокусира на Дин Потер – авантурист кој постојано ги тестира своите граници.
Документарецот ги прикажува неговите импресивни подвизи, неговата лични битки, но и контроверзиите кои кружат околу неговите понекогаш нелегални подвизи.
Privileges
Privileges е француска драма која се фокусира на животот на Адел – млада жена која сака да си го среди животот.
Таа добива работа во луксузен хотел, но овде се соочува со нови предизвици кои можеби ќе ѝ ја загрозат иднината.
Euphoria
Хит-серијата Euphoria не е за секого, но важи а една од најпопуларните на платформата.
Главниот лик е Ру, средношколка која по предозирање оди на рехабилитација. Но, кога ја пуштаат, воопшто не планира да се држи настрана од дрога.
The Pitt
Популарната медицинска драма е вистинско освежување за љубителите на жанрот.
Секоја од двете сезони опфаќа една смена во болница во Питсбург и ги прикажува предизвиците со коишто се соочува персоналот.
