10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата)
Rooster
Со Стив Карел во главната улога, Rooster е комедија која веднаш стана хит.
Дејството се фокусира на комплицираниот однос меѓу писател и неговата ќерка.
DTF St. Louis
Уште една мрачна комедија која брзо стана популарна.
Главните ликови се три средовечни лица кои се вплеткуваат во љубовен триаголник.
Ситуацијата тргнува на полошо кога едниот од нив завршува мртов.
The Penguin
The Penguin е како продолжение на филмот The Batman од 2022 година и го опфаќа периодот пред настаните во новиот филм (кој е закажан за октомври 2026).
Дејството се фокусира на Пингвинот – познатиот негативец кој успева да стане еден од најозлогласените гангстери во Готам.
Industry
Британската серија, создадена од поранешни банкари, се фокусира на животите на група луѓе кои работат во престижна банка во Лондон.
Серијата е особено фалена за реалното претставување на банкарскиот сектор, но и за дејството кое ќе ве држи залепени за екран.
Mare of Easttown
Крими драмата со Кејт Винслет во главната улога е одлична ако сакате мистерии.
Главниот лик е детективка од Пенсилванија која истражува мистериозно убиство. Во меѓувреме, дава сè од себе за да не си го уништи животот.
Спирова С. | Црнобело
