10 филмски премиери што со нетрпение ги чекаме ова лето

Spider-Man: Brand New Day

  • 31-ви јуни

Том Холанд му даде нова свежина на популарниот суперхерој, а доказ за ова е фактот што трејлерот за последниот филм ги сруши сите рекорди за гледаност.

Во Brand New Day, Спајдермен живее потполно сам, откако неговите блиски го изгубија целото сеќавање за него.

Додека го спасува Њујорк од криминал, забележува дека неговите моќи еволуираат, и тоа на опасен начин.

The Odyssey

  • 17-ти јули

Некои го критикуваат, а некои едвај го чекаат, но факт е дека можеме да очекуваме одлична епска сага од Кристофер Нолан.

Веруваме дека приказната ви е веќе добро позната – по завршувањето на Тројанската војна, Одисеј, кралот на Итака, тргнува на долго патување кон дома.

Во филмот ќе ги видиме дел од најдобрите холивудски актери како Мет Дејмон, Зендеја, Том Холанд, Ен Хетавеј, Елиот Пејџ, Роберт Патинсон, Шарлиз Терон…

Super Troopers 3

  • 7-им август

Летово нема да ни недостасуваат комедии, а овде ќе биде и третото продолжение на Super Troopers.

Главните ликови се групата чудни полицајци кои пробуваат да разбијат нов картел за дрога.

Но, истовремено, мораат да најдат начин да ја спасат свадбата на нивен колега.

Insidious: Out of the Further

  • 21-ви август

Insidious е една од најуспешните и најморничавите хорор франшизи, а ова лето премиерно ќе биде прикажано шестото продолжение.

Главниот лик е млада мајка која открива дека може да патува во димензија каде што се наоѓаат изгубените души.

Но, набрзо сфаќа дека преку неа, демоните кои владеат во димензијата можат да преминат во човечкиот свет.

Coyote vs. ACME

  • 28-ми август

Дефинитивно најлудиот и најзабавниот филм што можеме да го очекуваме летово е Coyote vs. ACME.

Ѕвезда во филмот е којотот од популарниот цртан на Looney Tues.

По многуте катастрофални неуспеси со продуктите на компанијата ACME, тој одлучува да најми адвокат и да ја тужи целата корпорација.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството Долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday, филмот инспириран од познатата иг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg