10 филмски премиери што со нетрпение ги чекаме ова лето

Најзабавниот филм дефинитивно ќе биде Coyote vs. ACME, сигурно ќе уживате во шестото продолжение на Scary Movie, а овде е и мистериозниот филм на Стивен Спилберг за кој не знаеме скоро ништо.

10-filmski-premieri-shto-so-netrpenie-gi-chekame-ova-leto-01.jpg

Ова лето дефинитивно ќе го поминеме во духот на носталгијата.

Покрај новите инсталации за веќе култни серијали, како Scary Movie, ќе имаме можност да изгледаме и неколку римејкови и адаптации на добро познати приказни.

Генерално, најочекуваните премиери сигурно ќе ве вратат во младоста или детството и веруваме дека не би сакале да ги пропуштите.

10 филмски премиери што со нетрпение ги чекаме ова лето:

Masters of the Universe

  • 5-ти јуни

Masters of the Universe е филм за популарниот суперхерој Хи-Мен, а ова е прв игран филм за херојот од далечната 1987 година.

Главниот лик е секако Хи-Мен, односно принцот Адам Глен кој по 15 години се враќа во неговиот дом и открива дека е уништен од злобниот волшебник Скелетор.

За да се одмазди и да го спаси светот, тој мора да го прифати неговиот вистински идентитет – најсилниот човек во универзумот.

Scary Movie 6

  • 5-ти јуни

По повеќе од една деценија, конечно ќе имаме ново продолжение од легендарниот серијал Scary Movie, и тоа со оригиналната актерска екипа.

Дејството на филмот е продолжение на првите два филма од франшизата. Овој пат главните ликови повторно треба да се соочат со маскираниот убиец кој ги тероризираше пред 26 години.

Нормално, филмот ќе биде и пародија на некои од најпознатите хорор-филмови од изминативе неколку години.

Disclosure Day

  • 12-ти јуни

Стивен Спилберг му се враќа на жанрот што му „лежи“ можеби најмногу – научна фантастика.

Малку се знае за дејството на филмот, освен дека се фокусира на вонземјани и група експерти кои веројатно се подготвуваат да му соопштат на светот дека постојат.

Филмот има одлична актерска екипа која ги вклучува Емили Блант, Џош О’Конор, Колман Доминго, Колин Фирт…

The Death of Robin Hood

  • 19-ти јуни

Во новата адаптација за познатиот одметник, главната улога му припаѓа на Хју Џекмен.

Робин Худ е веќе стар и се здобива со сериозна повреда во битка, додека пробува да се справи со своето насилно минато.

За него почнува да се грижи млада девојка која му дава можност за спасение.

Toy Story 5

  • 19-ти јуни

Франшизата Toy Story засекогаш ја промени 3Д анимацијата, а летово ќе можеме да уживаме и во петтото продолжение.

Во новиот филм, Баз, Вуди и другите играчки се соочуваат со нов проблем – нова играчка, односно таблет кој на децата им е многу поинтересен од нив.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10 (понови) филмови идеали за празничен маратон со семејството Долгоочекуваното продолжение на Freaky Friday, филмот инспириран од познатата иг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg