10 (одлични) серии со најмногу номинации за Еми 2026
Очекувано, медицинската драма The Pitt доминира, а можеби најголемо освежување е Widow’s Bay – забавна серија која е спој на хорор и комедија.

Кога не можете да одлучите која серија да ја гледате, секогаш можете да се потпрете на мислењето на експертите, како жири комисијата што ги доделува номинациите за Еми наградите.
Неодамна беа откриени номинациите за Еми 2026 и конкуренцијата дефинитивно е огромна.
Бидејќи многу серии се номинирани, ние ги издвоиме оние што најмногу се истакнуваат.
Десет серии со најмногу номинации за Еми 2026:
The Pitt
За многумина, The Pitt е најдобрата медицинска драма на сите времиња, а ова го покажуваат и бројните награди и номинации.
Дејството на серијата е сместено во болница во Питсбург, САД, а главните ликови се медицинските лица што работат таму.
Секоја сезона претставува една смена во болницата и на многу реалистичен начин прикажува со што се сочуваат здравствените работници во САД.
Hacks
Популарноста на забавната комедија не се намалува ни по пет сезони.
Главниот лик е повозрасна стенд-ап комичарка која мора да најде начин да си ја врати популарноста за да си ја спаси кариерата.
За таа цел најмува млада писателка и меѓу нив се создава навистина чуден однос.
Widow’s Bay
Widow’s Bay е одличен спојна хорор и комедија која излезе годинава и веднаш стана хит.
Дејството на серијата е сместено во гратче на измислен остров кое се чини дека е проколнато.
Градоначалникот на гратчето пробува да го подобри туризмот, додека се справува со чудните појави од клетвата.
Pluribus
Научнофантастичната серија е дело на креаторот на легендарната Breaking Bad, па од самиот старт беше јасно дека ќе биде добра.
Главниот лик е писателка која е една од 13-те луѓе на Земјата кои се имуни на чуден вонземски вирус.
Вирусот прави луѓето да живеат во еден вид рај, па таа се соочува со предизвик да го спаси целото човештво.
A Knight of the Seven Kingdoms
Дејството на приквелот на Game of Thrones е сместено еден век пред настаните во оригиналната серија и како да ѝ ја врати старата популарност на франшизата.
Во период кога семејство Таргериен е на власт, наивен, но храбар витез и неговиот необичен придружник Ег лутаат низ Вестерос и се соочуваат со разни авантури.