10 (одлични) серии со најмногу номинации за Еми 2026
The Studio
The Studio е сатира и важи за една од најдобрите серии од 2025 година.
Главниот лик е новопечен директор на холивудско филмско студио кој е желен за признание од познатите.
Заедно со неговиот тим, тој мора да се справи со безброј проблеми за да го одржи студиото во живот.
The Bear
Уште една одлична серија која е популарна и по пет сезони.
Главниот лик е млад готвач од Чикаго кој се враќа во својот роден град за да ја води семејната сендвичарница.
Далеку од животот на којшто е навикнат, тој се соочува со сите проблеми од водењето мал бизнис, но и многуте семејни проблеми.
Slow Horses
Со единствениот Гери Олдман во главната улога, Slow Horses е обновена и за шеста сезона – нешто што е реткост изминативе неколку години.
Напнатиот трилер ја раскажува приказната за нефункционален тим од неколку MI5 агенти и нивниот шеф.
Нивната задача е да работат од сенка за да ја заштитат Англија од злото што се заканува.
Only Murders in the Building
Уште една крими серија, но со примеси на комедија, и тоа со одлична актерска екипа – Стив Мартин, Селена Гомез, Мерил Стрип…
Главните ликови се тројца луѓе кои се опседнати со вистински крими случаи.
Но, сосема случајно самите се вплеткуваат во токму ваков случај.
The Diplomat
The Diplomat е напнат политички трилер што сигурно ќе ви се допадне ако го сакате жанрот.
Главниот лик е амбасадорка која пробува да најде рамнотежа помеѓу нејзината професија, но и нејзиниот бурен брак со политичка ѕвезда.
И, сето ова додека се случува меѓународна криза.
Спирова С. | Црнобело