10 одлични предлози кои ќе ве стават во „Филм - одмор“

Одбројувате до почетокот на летниот одмор? Веројатно сте тажни додека колегите и пријателите заминуваат и се враќаат одморени, а вие се варите и давите во нервози на работа.

10-odlicni-predlozi-koi-ke-ve-stavat-vo-film-odmor-01.jpg

Не очајувајте, вашиот одмор ќе дојде побрзо отколку што мислите, а дотогаш релаксирајте се со некој од следните 10 предлози кои ќе ве стават во вистински одмор-филм со прекрасните локации и пејзажи:

The Beach, 2000

Ричард, млад Американец кој оди на патување во Тајланд случајно добива мапа која го упатува на таен мистериозен остров.

Заедно со млад пар од Франција решаваат да го пронајдат рајот на земјата.

Vicky, Cristina, Barcelona, 2008

Типичен Вуди Ален филм во кој 2 најдобри пријателки тргнуваат на одмор во Шпанија. Во прекрасната Барселона се запознаваат со сликарот Хуан Антонио и двете се вљубуваат во него, несвесни дека тој има нерасчистени сметки со поранешната жена со која има турбулентна врска,

We are the Millers, 2013

Одлична комедија во која 4 измамници глумат семејство со цел да пренесат поголема количина дрога преку границата во Мексико.

Before Sunrise, 1995

Вистинска летна класика која не смеете да ја пропуштите кога станува збор за романтични филмови. Двајца млади случајно се среќаваат во воз упатени во два различни правци и решаваат да се симнат заедно во Виена поминувајќи цела вечер заедно.

The Blue Lagoon, 1980

Две деца ќе бидат исфрлени на пуст тропски остров после несреќата на бродот. Наскоро создаваат свој мал свет и рај во кој постојат само двајцата.

Уште 5 летни предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови кои треба да ги погледнете ако се борите со анксиозност На личностите кои живеат со анксиозност понекогаш им е навистина тешко да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg