Најдобрите филмови од 2017 кои мора да ги изгледате доколку сте ги пропуштиле
The Beguiled
Последното режисерско остварување на Софија Копола ја следи приказната која се случува за време на американската граѓанска војна, кога ранет непријателски војник ќе се најде во женски интернат во Вирџинија и ќе ги разбранува младите жени со своето присуство.
Get Out
Кога млад Aфро-Американец ќе реши да ги запознае родителите на неговата девојка, посетата започнува да заличува на кошмар за кој не ни можете да сонувате. Тој е препуштен сам на себе и има многу малку време да се извлече од нивната стапица.
Dunkirk
Сојузнички војници од Белгија, Франција и Обединетото кралство на Британија се опкружени од непријателска германска војска за време на Втората светска војна и евакуирани по немилосрдната сурова битка.
The Killing of a Sacred Deer
Стивен, харизматичен хирург е принуден да направи незамислива жртва, откако однесувањето на тинејџерот кој го зел под своја закрила ќе стане сомнително, бидејќи упатува на злосторство.
Thor: Ragnarok
Тор, еден од најомилените Марвел супер херои, мора да се бори против неговиот некогашен сојузник Хулк, со цел да се спаси не само себеси, туку и неговиот дом Асгард.
It
Група другарчиња кои се малтретирани ќе се здружат откако чудовиште кое се трансформира зазема облик на морбиден кловн кој ги прогонува.
Gerald’s Game
Обидувајќи се да внесе малку страст во нејзиниот брак, Џеси одеднаш се наоѓа врзана за креветот со лисици во нивната викендичка покрај езерото, додека нејзиниот сопруг е мртов.
Исцелител
Исцелител е најуспешниот македонски филм за 2017 година. Веле, млад човек кој се бори со болеста на неговиот татко, нема доволно финансии да му ги купува скапите лекови против ракот. Тој прави план како да му ги олесни болките на единствениот родител кој го има.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





