Добри глумци, лоши приказни: Филмови кои ни ѕвездената екипа не ги спаси од пропаст

Не постојат формули, ниту пак правила за финансиски и критички успех во седмата уметност. Кога би постоеле, тогаш веројатно ниту едно кинематографско дело не би доживеало неуспех. Никогаш. А, тоа неретко се случува. Одредени филмови беа дочекани на нож, иако во нив играа дел од најзвучните актерски имиња на денешницата.

dobri-glumci-loshi-prikazni-filmovi-koi-ni-dzvezdenata-ekipa-ne-gi-spasi-od-propast-1.jpg

Некогаш е доволно да прочитате кој глуми во филмот за да го погледнете. Ако главната улога ја толкуваат Леонардо ди Каприо, Мерил Стрип или Роберт де Ниро, мора да е добар, зар не? А, доколку во истиот филм се појавуваат и Ал Пачино или Морган Фриман, тогаш веќе задолжително ќе се најде на репертоарот.

Водејќи се од таквата логика, режисерите и продуцентите во повеќе наврати се потпреа исклучиво на актерите. Мислеа дека славните имиња ќе им гарантираат успех на нивните дела. Ама, се покажа спротивното. Беа прогласени за промашувања, наспроти купот популарни глумци што продефилираа во нив. Од А до Ш.

Држи тезата дека за производот не се суди според амбалажата, книгата по корицата, а за филмот врз основа на кастингот. Најважна е содржината. Иако во секоја сцена се појавуваше барем една холивудска ѕвезда на екранот, тие сепак доживеаа тотално фијаско. Не ја воодушевија ниту критиката, а богами ни публиката.

Ова се деветте лоши филмови кои ни ѕвездената екипа не ги спаси од пропаст:

1. Gangster Squad

Сите ги сакаат Рајан Гослинг и Ема Стоун, нели? Филмот „La La Land“, во кој играше младата двојка, лани беше номиниран за дури 14 оскари. Но, да се потсетиме и на остварувањето во кое тие претходно се појавија.

Во „Gangster Squad “, тандемот беше појачан и од легендарниот Шон Пен. Но, ниту тој не можеше да му помогне на режисерот Рубен Флајшер.

Стилизираниот трилер за ’40-тите години на минатиот век, каде дејството се врти околу полицајци што се борат против мафијата, окарактеризиран беше како досаден и промашена инвестиција.

2. A New York Winter’s Tale

Од жанровски аспект, филмот е дефиниран како американска натприродна, фантастична и мистериозна романтична драма. Што ли и да значи тоа (?!). Колин Фарел го толкува ликот на бесмртен крадец кој заедно со љубовта се бори против демонскиот гангстер, отелотворен од актерот Расел Кроу.

За ова остварување не постоеше ни промил шанса да успее, а тоа се потврди и на билетарниците од кината. Толку многу киксна, што не поврати ни половина од вложениот буџет.

3. Movie 43

Најавен беше како урнебесна комедија, но жанрот што многу повеќе му прилега е хорор. Филмот во кој на Хју Џекмен му висат тестиси околу вратот, навистина не е вреден да се коментира.

Кога станува збор за ова дело, многумина и понатаму си го поставуваат прашањето: Како ли му успеа на режисерот да ги убеди и собере толку многу холивудски ѕвезди во волку ужасен филм?

4. The Big Wedding

Доколку веќе не сте го сториле тоа, не трошете си го времето гледајќи го филмот. Ова е еден од оние што треба да бидат смешни, а воопшто не се. Згора на сè, нема никаква поента.

Во кратки црти: разведени родители се преправаат дека и понатаму се во брак, во интерес на посвоениот син што наскоро ќе се жени. Зошто? Затоа што на свадбата треба да присуствува и неговата биолошка мајка, која е толку голема верничка, што разводот го смета за грев.

Изобилувајќи со предрасуди и непотребни сексуални сцени, ова остварување е за избегнување.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg