Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заплеткани филмови чиј крај остава простор за различно толкување

Одредени филмови се толку многу загадочни што крајот нè остава со подотворена уста и ни остава простор за дискусија и различно толкување.

Filmovi-cij-kraj-ostavat-prosor-za-razlicno-tolkuvanje-01.jpg

Како навистина заврши филмот? Сте гледале еден ист филм, а крајот секој го доживеал и го протолкувал различно.

Ова се нашите 10 предлози кои ќе ве остават во прашања, недоумици и ќе ви остават доволно простор за дебата:

The Hunt (2012)

Животот на еден наставник кој живее прилично осамено и се бори за старателство на својот син започнува да добива подобра насока, откако ќе пронајде љубов и ќе слушне добри вести од своето дете.

Но, една мала невина лага поврзана со него ќе започне да му ја нарушува среќата, а сомничавоста на останатите за неговиот карактер започнува полека да го уништува и да го носи кон дното.

Martha Marcy May Marlene (2011)

Марта, главната протагонистка во филмот, успеала да избега од насилен хипи-култ каде што живеела цели 2 години под името Марси Меј. Таа бара помош од сестрата и нејзиниот сопруг, но проблемот е во тоа Марта тешко може да ги одвои соништата од реалноста, а нејзиното минато постојано се враќа и ја прогонува.

The Fountain (2006)

Три различни приказни, една од минатото, една од сегашноста и една од иднината се испреплетуваат. Сите се за мажи кои се во потрага по бесконечност со нивната љубена. Остроумен и длабоко филозофски филм за Томи, кој се бори со концептот на смртност и е во очаен обид и во трка со времето да пронајде лек за неговата Изи која е болна од рак.

Останатите две приказни се подеднакво моќни и ќе го привлечат вашето внимание.

The Changeling (2008)

Малото синче на Кристин Колинс мистериозно исчезнува. Додека мајката се бори со сопствената агонија поради неговото отсуство, полицијата одеднаш го враќа нејзиниот син дома.

Но, Кристин веднаш знае дека тоа не е нејзиното дете, иако тој упорно тврди дека е нејзиниот син.

Inception (2010)

Коб е професионален крадец кој со својата специјална технологија и тим умее да навлезе во човечкиот мозок и да ги „украде“ неговите тајни. Но, што ќе се случи кога ќе биде најмен од страна на богат магнат со цел да „всади“ идеја во главата на синот на неговиот најголем противник во индустријата?

https://www.youtube.com/watch?v=tKQ7qzJex4I

Уште 5 предлози на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg