Маратон за сечиј вкус: 10 нови серии од 10 различни жанрови

Комедија - The Good Place

Еленор се буди и сфаќа дека е мртва. Таа е во рајот, или „доброто место“ каде што припаѓаат сите добри луѓе. Постои само еден проблем – Еленор не е воопшто добра личност. Наскоро сфаќа дека завршила на доброто место поради нечија грешка.

https://www.youtube.com/watch?v=RfBgT5djaQw

Драма - The Good Doctor

Шон Марфи е генијален млад хирург кој започнува со работа во една престижна болница. Но, тој е прилично ексцентричен лик, бидејќи има форма на аутизам и Савант синдром, што му ги отежнува работите на колегијален и приватен план.

https://www.youtube.com/watch?v=msJggy8xtmI

Фантазија - The Gifted

Светот во кој постојат нормални луѓе и мутанти е во хаос. Мутантите се третираат како непријатели, со страв и недоверба. Специјален институт за мутанти сепак претставува зрак надеж дека ќе ги подобри односите меѓу двата вида и ќе постигне мир.

Крими-трилер - Mindhunter

Кон крајот на ’70-тите години од минатиот век, двајца агенти на ФБИ ја прошируваат својата експертиза со профилирање на криминалците, односно навлегување во нивната психологија и ум. Тие полека започнуваат да се приближуваат кон чудовишта кои само имаат облик на луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=7gZCfRD_zWE

Мини-серија (документарен филм) - Planet Earth II

Вистинско ремек-дело, за сите кои ја сакаат природата, земјата и животните. Ќе уживате во 6 епизоди на нараторот Дејвид Атенбороу со приказни и визуализации кои буквално го одземаат здивот.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Колку се променија ѕвездите од „Вовед во анатомија“ речиси 20 години по премиерата? Д-р Дерек Шепард е остарен и оседен, но уште го има заводничкиот шарм во себе, а...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg