Нови акции кои ќе ви го кренат адреналинот

The Commuter

Поранешен полицаец кој сега продава осигурителни полиси е вплеткан во криминално злосторство за време на вообичаеното возење во јавниот сообраќаен превоз кон дома.

The Foreigner

Кога неговата ќерка ќе биде убиена во напад што упатува на тероризам, огорчениот татко ќе го преземе текот на истрагата во своите раце во обид да ги открие злосторниците.

Braven

Шумар и неговиот татко ќе заминат во нивната ловечка куќарка надевајќи се на мирен и опуштен викенд. Но откако ќе бидат нападнати од страна на шверцери на дрога, нивниот викенд се претвора во игра за опстанок.

Maze Runner: The Death Cure

Последниот дел од сагата за „Лавиринтот“ повторно го следи Томас, во обид да го спаси својот најдобар пријател и да пронајде лек за смртоносната болест која ја напаѓа човечката раса.

Tomb Raider

Во новиот римејк повторно ја гледаме хероината Лара Крофт. Овој пат таа се обидува да ја реши мистеријата поврзана со исчезнувањето на нејзиниот татко, упатувајќи се кон последната дестинација на којашто бил виден.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg