Нови акции кои ќе ви го кренат адреналинот

Жанрот „акција“ дефинитивно e освежен со последниот бран филмови кои излегоа во 2018 година.

Novi-akciski-filmovi-koi-ke-vi-go-krenat-adrenalinot-01.jpg

Доколку сакате да погледнете квалитетен филм исполнет со акција и напнатост, нешто што ќе ви го задржи вниманието и ќе ви го крене адреналинот, ние имаме 10 нови предлози за вас.

Подготвени за филмски акциски маратон?

Ready Player One

Креаторот на најголемата и најпопуларната виртуелна игра умира, но во самата игра остава скриени патокази и знаци кои водат до најголемата награда – целото негово богатство во реалниот свет.

Death Wish

Пол е квалитетен и почитуван хирург кој секојдневно спасува животи. Но, кога неговото семејство ќе биде нападнато, тој ја зема правдата во сопствените раце.

Fahrenheit 451

Работен според истоимената книга на Ред Бредбери, главниот лик живее во дистописко општество каде што книгите се забранети. Тој е всушност еден од главните уништувачи на книги, сè додека не запознае девојка која ќе му го промени погледот на нештата и ќе го натера да ги преиспита сопствените акции.

Deadpool 2

Омилениот анти-херој повторно се враќа на филмското платно, а во вториот дел си поставува мисија да го спаси момчето со натприродни моќи прогонуван од страна на патникот низ времето, Кејбл.

Dark Crimes

Детектив започнува да се сомнева во книжевен автор кога инцидентите опишани во неговата популарна новела започнуваат да потсетуваат на нерешено реално убиство.

Уште 5 филмови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg