Топ 10 најдобри филмови со Леонардо ди Каприо

Вонсериски талент за глума, одличен изглед и капацитет за трансформации. Што повеќе би посакале кај еден актер?

10-najdobri-filmovi-so-Leonardo-di-Kaprio-01.jpg

43-годишниот американски актер конечно го доби долгопосакуваниот Оскар во 2016 година за главната улога која ја толкуваше во филмот The Revenant.

Но толку многу добри филмови му претходеа на овој, што признанието дојде како еден вид утешна награда.

Леонардо ди Каприо има десетици одлични филмови и навистина е тешко да се одвојат 10 најдобри. Покрај очигледниот избор Titanic и оскаровскиот The Revenant, речиси и да не постои филм кој е „утка“ со Леонардо ди Каприо во главната улога.

Сепак, нашиот избор „падна“ токму на овие, па доколку сте подготвени да погледнете квалитетен филм дефинитивно нема да погрешите со:

Catch Me If You Can

Вистинска приказна за Френк Абигнејл Јуниор кој пред да наполни 19 години успеал да фалсификува милионски суми со помош на чекови и лажно да глуми дека е пилот, лекар и обвинител.

Inception

Група измамници поседуваат специјална технологија за крадење на соништата од моќни и влијателни луѓе. Еден од нив ќе ги најми да направат обратен процес – да всадат идеја во потсвеста на синот на неговиот најголем ривал.

The Departed

Полицаец кој е на тајна задача и уште еден кој е всушност шпион се обидуваат да се идентификуваат еден со друг, додека и двајцата се обидуваат да се инфилтрираат во раководството на опасна Ирска мафија во Јужен Бостон.

Django Unchained

Со помошта на германски ловец на глави, роб кој штотуку се здобил со својата слобода тргнува во спасувачка мисија со цел да ја ослободи својата жена од брутален сопственик на плантажа во Мисисипи.

https://www.youtube.com/watch?v=eUdM9vrCbow

What’s Eating Gilbert Grape

По смртта на неговиот татко Гилберт мора да се грижи за неговиот брат со ментални пречки во развојот Арни и неговата мајка која има проблем со тежината, додека неочекувано се појавува љубов во неговиот живот.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg