10 одлични оригинални филмови на Нетфликс

Поголемиот дел од нас кои се љубители на ТВ сериите сигурно може да набројат неколку омилени кои ѝ припаѓаат на продуцентската куќа Нетфликс.

10-odlicni-originalni-filmovi-na-Netflix-01.jpg

Но, во последниве неколку години, Нетфликс направија и прилично многу добри и квалитетни филмови.

Од хорори, мрачни комедии, одлични документарни филмови како и романтично засладени проекции, ви нудиме 10 оригинални филмови на Нетфликс кои одлично ќе се вклопат во вашето слободно време:

The Babysitter (2017)

Хорор со примеси на комедија и црн хумор. Филмот ја следи приказната за малото момче и неговата дадилка, откако една вечер тој ќе реши да ја шпионира што прави таа додека тој се преправа дека спие.

Jim & Andy: The Great Beyond (2017)

Вистински бисер инспириран од архивите на Нетфликс, документарен филм со клипови „зад сцените“ додека Џим Кери го глумел чудниот и несфатен комичар Енди Кауфман во филмот Man of the Moon од 1990 година.

The Little Prince (2016)

Добро познатата приказна за малиот принц на Антоан де Сент Егзипери, овојпат прикажана со мали модификации на оригиналната содржина низ неодолива, емотивна анимација.

6 Balloons (2018)

Млада жена чиј брат е зависник од дрога дознава дека тој повторно му се предал на порокот и поминува цела вечер возејќи низ Лос Анџелес во потрага по рехабилитационен центар.

Blame! (2017)

Во далечната иднина луѓето се третирани како „илегалци“ и прогонувани до истребување од страна на смртоносни роботи. Но, еден ден група на преживеани луѓе ќе се запознае со чуден човек по име Кили, кој можеби го крие клучот за преживување на човечката раса.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg