10 најдобри комедии од првата половина на 2018 година

Кој не сака добра комедија, особено за време на овие сиви, дождливи денови кои како да сакаат да ја нарушат сончевата хармонија на летото?

10-odlicni-komedii-od-prvata-polovina-na-2018-01.jpg

2018 година навистина може да се пофали со солидни филмови, а жанрот комедија не претставува никаков исклучок.

Што да погледнете за време на викендот кој ни претстои? Нешто интересно, лесно, нешто што добро ќе нè расположи.

Време е за широки насмевки и одлично поминато време:

Game Night

Неколку пара пријатели кои се опседнати со играње друштвени игри имаат вистински предизвик на вечерта–киднапирање на еден од присутните кое се случува пред нивните очи и пронаоѓање на злосторниците. Но, дали играта е навистина само игра?

Life of the Party

Оставајќи ја нивната ќерка на универзитетот, сопругот на Дијана неочекувано ѝ кажува дека сака развод. Разочарана и тажна, таа решава повторно да се врати на факултет со цел да ја заврши последната година и да дипломира. И тоа на истиот оној универзитет каде што студира и нејзината ќерка.

Blockers

Три најдобри пријателки се дружат уште од основно и конечно е дојден денот на нивната матура кога сите три заедно решаваат да ја изгубат невиноста. Но, кога нивните родители ќе го дознаат планот ќе направат сè што е во нивна моќ да ги спречат во намерата.

Incredibles 2

Во второто анимирано продолжение на „Неверојатните“, супер-херојот Боб Пар останува дома да се грижи за своите деца, додека неговата жена Хелен го спасува светот.

Ocean’s 8

Група од 8 измамнички и криминалци прават план да украдат скапоцен накит за време на Мет гала-свеченостa во Њујорк.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg