Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови филмови и серии кои треба да започнете да ги гледате веднаш

Филмската индустрија не запира само затоа што настапи летниот период, токму напротив. Има премногу нови филмови и серии на репертоарот. 

Novi-filmovi-i-serii-koi-treba-da-zapocnete-da-gi-gledate-vednas-01.jpg

Вам ви останува само да пронајдете време и добро друштво, доволно грицки и омилени пијалаци, а доброто расположение нема да изостане.

Што да гледате овој викенд и преку цело лето?

Beirut (2018)

Во ’80-тите години во Бејрут, Мејсон кој е поранешен американски дипломат е повикан повторно на работа со цел да спаси еден од своите колеги, кој можеби е одговорен за смртта на неговото семејство.

Sharp Objects (2018)

Новата хит серија со Ејми Адамс во главната улога е работена според истоимениот роман на Џилијан Флин (Gone Girl). Камил е новинарка и на раб на алкохолизмот, која влече ужасни тајни од минатото.

Таа е принудена да се врати во својот роден град, со цел да ги истражи грозоморните убиства на 2 девојчиња, додека се обидува да се сети на деталите од своето одамна закопано минато.

https://www.youtube.com/watch?v=DgljcMqPG98

Where Is Kyra? (2017)

Светот кој се движи со брзо темпо претставува исклучително стресно место за живот за една кревка нежна жена, која се соочува со уште поголем стрес откако нејзината мајка ќе почине, а таа мора да пронајде начин како да ја скрие својата анксиозност од нејзиното ново момче.

Castle Rock (2018)

Инспирирана од творештвото на Стивен Кинг, оваа серија ветува навистина многу. Премиерата е закажана на 20 јули. Еден од главните ликови Хенри повторно се враќа дома во фиктивниот град Castle Rock, местото каде што се случуваат бизарни настани.

https://www.youtube.com/watch?v=gXsKCQenpt0

A Quiet Place (2018)

Во пост-апокалиптичен свет, семејство е принудено да живее во свет на целосна тишина со цел да преживее, бидејќи чудовиштата кои ги прогонуваат имаат изострено сетило за слух

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 (мини) серии на HBO Max, совршени за продолжен викенд Српската „Сабља“ или The Penguin за оние кои ја сакаат помрачната верзија на Бет...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg