Најдобрите шпионски филмови кои мора да ги изгледате барем еднаш
Кога дискутираме за филмови со шпионажа, првиот кој ви паѓа на ум е секако агентот 007, односно Џејмс Бонд.
И не сте далеку од вистината со претпоставката. Сепак, покрај франшизата за Бонд, постојат уште толку многу одлични шпионски филмови, па ред е да се потсетиме на дел од најдобрите.
За претстојниот викенд и остатокот од летната сезона задолжително одвојте време за:
Spy Game
Ова е еден од најдобрите шпионски филмови со совршен кастинг – Роберт Редфорд и Бред Пит (многумина го имаат истакнато фактот дека актерите многу наликувале еден на друг во младоста).
Нејтан Мур (Редфорд) го дели практично еден работен ден до пензија, кога дознава дека неговиот штитеник од минатото Бишоп (Пит) е уапсен во затвор во Кина и планираат да го егзекутираат.
Тој мора да направи план со цел да го спаси младиот колега и пријател.
The Bourne Identity
Трилогијата е одлична, како и последниот филм кој излезе со потписот на агентот Џејсон Борн (Мет Дејмон). Но, ниту еден не може да се спореди со адреналинот и возбудата од првиот дел.
Агентот Борн го пронаоѓаат група рибари во океанот, а тој не може да се сети кој е, што е, ниту каде бил. Полека започнува да прибира докази со цел да го открие својот вистински идентитет.
Casino Royale
„Казино Ројал“ ја отпочна ерата на филмови со Џејмс Бонд со Даниел Крег во главната улога. Речиси и да не постои нешто што нема да ви се допадне во оваа филмувана верзија за најпознатиот британски шпион – од кастингот, до музиката, локацијата и заплетот.
Tinker Tailor Soldier Spy
Џорџ Смајли, ветеран во светот на шпионажата е принудно вратен од пензија со цел да го пронајде натрапникот, советски агент инфилтриран во рамките на неговиот поранешен работодавач, MI6.
True Lies
Вистински шпионски класик, иако филмот е стар 24 години. Арнолд Шварценегер е во главната улога заедно со незаборавната Џејми Ли Кертис.
Хери Таскер (Шварценегер) успешно го крие својот идентитет, односно вистинската професија од својата сопруга, сè додека не бидат принудени да работат заедно против опасна група терористи.
Уште 5 филмови на следната страна...
Би можело да ве интересира:





