Најдобрите шпионски филмови кои мора да ги изгледате барем еднаш

Bridge of Spies

За време на Студената војна, американски адвокат е регрутиран во одбраната на уапсениот советски шпион, а воедно треба да им помогне на ЦИА во размената на затвореникот за уапсениот американски пилот Френсис Гери Пауерс кој држен во заробеништво од страна на Советите.

Mission: Impossible III

Третиот дел од серијалот „Невозможна мисија“ со Том Круз во главната улога го има најперфектниот негативец – Филип Сејмур Хофман.

Овен Девијан (Хофман) е опасен дилер на оружје кој доаѓа во пресметка со агентот Хант, при што животот на неговата вереница е исто така ставен во опасност.

The Man from U.N.C.L.E.

Во екот на Студената војна, мистериозна криминална организација планира да искористи нуклеарно оружје и технологија за да ја наруши кревката рамнотежа на моќта помеѓу САД и Советскиот Сојуз.

Агентот на ЦИА, Наполеон Соло (Хенри Кавил) и агентот на КГБ, Илја Курјакин (Арми Хамер), се принудени да ги остават настрана нивните недоразбирања и да работат заедно со цел да ги спречат злосторниците во нивните намери.

Argo

На 4 ноември 1979 година, погодена е американската амбасада во Техеран, Иран, преземајќи 66 американски заложници. Во општиот хаос, 6 Американци успеваат да се спасат и да се скријат кај канадскиот амбасадор.

Американската влада го повикува екстракторот Тони Мендез (Бен Афлек) со цел да ги извлече шесте Американци и да ги спаси од погубување.

https://www.youtube.com/watch?v=w918Eh3fij0

Kingsman: The Secret Service

Гери „Егзи“ младо момче, чиј покоен татко тајно работел за шпионска организација, живее во Јужен Лондон и се чини дека е на пат кон живот зад решетки. Сепак, агентот Хери Харт (Колин Фирт) го препознава потенцијалот кај младиот човек и го регрутира како приправник во тајната служба.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Забавни и непријатни моменти од Оскари 2026 + најсмешните твитови за настанот Леонардо ди Каприо беше прогласен за „крал на мемињата“. Тимоти Шаламе беше мета...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
Прогнозите не се остварија: „Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка “Приказната за Силјан” не влезе во најдобрите 15 документарни филмови според гла...
10 филмови кои траат (речиси) 3 часа, а вреди да ги изгледате Troy, The Batman, Dances with Wolves – ова се филмови кои траат речиси три часа,...

Најчитани неделава