Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Одлични филмови за крајот на летото кои ќе ве наполнат со позитивна енергија

Летото полека се приближува кон крајот, а со тоа неминовно настапува мала доза на есенска меланхолија кај секој од нас. Но, не препуштајте ѝ се. Со помош на неколку одлични филмови обидете се да го задржите ентузијазмот од летото.

Odlicni-filmovi-za-krajot-na-letoto-01.jpg

Погледнете неколку (или сите) од нашите предлози и дозволете да ве преплават позитивни вибрации за претстојната сезона:

K-PAX (2001)

Мистериозен пациент тврди дека доаѓа од далечна планета по име К-Пакс. Додека психијатарот се обидува да му помогне на пациентот, забележува дека тој има неверојатно позитивно влијание врз останатите пациенти во болницата.

The Intouchables (2011)

Француски аристократ кој останува неподвижен квадриплегичар по несреќата со параглајдер, најмува млад човек кој треба да се грижи за него. Иако сосема различни, двајцата луѓе со текот на времето стануваат најдобри пријатели.

Big Fish (2003)

Вилијам и неговиот татко немаат сјајна врска, а кога родителот се разболува, синот сака да биде покрај него. Тој целиот живот слушал неверојатни приказни од неговиот татко, а кога почнува да ги истражува полека се крева превезот зад неверојатниот магичен свет.

Don Juan DeMarco (1994)

Психијатар во поодминати години има неверојатно интересен пациент кој за себе тврди дека е најголемиот љубовник на сите времиња.

The Adjustment Bureau (2011)

Дејвид Норис е политичар чија кариера оди во нагорна линија. Тој ја запознава балерината Елис која го привлекува од првиот момент, но мистериозни луѓе се обидуваат да ги раздвојат двајцата млади по секоја цена.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg