Морничави филмови и серии со психопати кои потајно ги обожаваме

Fight Club

Во овој неверојатен филм на Дејвид Финчер исполнет со многу адреналин и пресврти, нараторот страда од несоница. Низ низа на бизарни настани тој ќе се запознае со Тајлер Дурден, бестрашен и практично несопирлив млад човек кој прави сапуни.

Двајцата ќе формираат боречки клуб во подземјето, кој ќе се претвори во нешто многу поголемо и поопасно.

Hannibal

Три неверојатни сезони кои ја следат врската помеѓу еден од најозлогласените сериски убијци во филмската кинематографија, комплексниот лик на доктор Ханибал Лектор и Вил Греам, млад и ентузијастички настроен полицаец кој на одреден начин сочувствува и се обидува да ги разбере психопатите кои ги гони.

Sexy Beast

Дон Логан е брутален гангстер кој има испланирано само уште една последна задача. За таа цел тој ќе го повика Гал на помош, кој одамна е пензиониран од криминалните активности. Она што треба да биде успешна мисија се претвора во тотален неуспех за двајцата.

Dexter

Убиецот со „меко срце“. Убиството е во неговата природа, а Декстер успешно ја контролира. Тој однадвор е прибран, сериозен и вреден млад човек кој (иронично) работи во полиција, а ноќе ги „лови“ само оние кои навистина заслужуваат да бидат убиени.

8 неверојатни сезони, а особено внимание обрнете на маестралната 4 сезона со Џон Литгоу во главната улога покрај Мајкл Хол.

American Psycho

Класика, апсолутно култен лик помеѓу психопатите кои обожаваме „да ги мразиме“. Патрик Бејтман е богат њујоршки инвеститор, кој успешно го крие своето насилно алтер-его од колегите и пријателите, додека неговите фантазии му бегаат од контрола.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 романтични комедии што ќе ве опуштат и расположат овој викенд The Proposal, Bridget Jones’s Diary и Why Him? се забавни романтични комедии кои...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg