Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Морничави филмови и серии со психопати кои потајно ги обожаваме

Да се направи филм или серија со анти-херој кој ќе биде допадлив е навистина голем предизвик. 

Mornicavi-filmovi-so-psihopati-koi-potajno-gi-obozavame-01.jpg

Но, очигледно на некои филмаџии тоа им оди од рака. На тој начин се создаваат култни ликови, кои и покрај своите недостатоци – несомнено ги обожаваме.

Ви предлагаме неколку нови, неколку целосно завршени серии и исто толку филмови со напомена дека ќе ви биде премногу тешко да ги мразите главните злосторници:

YOU

Работена според бестселер новелата на Керолин Кепнес, YOU ја следи приказната на Џо Голдберг, харизматичен и по малку мистериозен млад човек кој работи во книжарница.

Токму таму Џо ќе ја запознае Гвиневер Бек, прекрасна млада девојка со која целосно се опседнува. Колку е лесно да се приближиш некому во време на социјални мрежи и нула приватност?

https://www.youtube.com/watch?v=cKOhno0IMpA

Gone Girl

Ејми и Ник Дан имаат совршен почеток на нивната врска. Она што претставува љубовна идила наскоро се претвора во кошмар. Ејми исчезнува, а Ник е главниот осомничен за нејзиното мистериозно отсуство.

House of Cards

Веројатно не постои поголем анти-херој од Френк Андервуд. И покрај фактот што во последната (шеста) сезона нема да го гледаме Кевин Костнер во главната улога, задолжително изгледајте ги петте сезони, со посебен акцент на првата и погледнете како човекот со незапирлива волја ќе се искачи на самиот врв на САД.

https://www.youtube.com/watch?v=ULwUzF1q5w4

The Dark Knight

Вториот дел од сагата за Бетмен на Кристофер Нолан не би бил она што е без Џокерот. Маестралниот Хит Леџер го портретира најголемиот непријател на Бетмен и дефинитивно го украде филмот од Кристијан Бејл.

The Fall

Пол Спектор е неверојатно посветен и грижлив сопруг и татко, но тој всушност крие и друга, опасна и мрачна страна. Тој е ладнокрвен сериски убиец, а единствената која ќе му застане на патот е детективката Стела Гибсон, која има поеднакво сложен карактер.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg