10 нови есенски филмови како скроени за ладен викенд
Jurassic World: Fallen Kingdom (2018)
Три години по катастрофата и уништувањето на тематскиот парк Јurassic World, Овен и Клер се враќаат на островот со цел да спасат колку што е можно повеќе диносауруси пред да еруптира активниот вулкан.
American Animals (2018)
4 пријатели кои живеат во Кентаки добиваат необична идеја по посетата на Универзитетот Трансилванија – да ги украдат највредните книги од студентската библиотека.
You Were Never Really Here (2018)
Воен ветеран кој носи трауми од минатото и не се плаши од насилство заработува на тој начин што пронаоѓа исчезнати девојки. Но, потрагата по последната исчезната девојка започнува да излегува надвор од контрола, додека Џо открива неверојатна теорија на заговор.
Distorted (2018)
Лорен и Расел решаваат да избегаат од бетонската џунгла и се селат во ултра модерни, луксузни апартмани далеку од градската врева. Лорен набрзо ќе започне да се сомнева дека нешто не е во ред со зградата.
Damsel (2018)
Семјуел Алабастер патува низ дивиот запад на Америка во текот на 1870 година, со цел да стигне до неговата љубов Пенелопи, додека околностите стануваат сè поопасни, а нашиот херој се претвора во одмаздник и обратно.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





