Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 нови есенски филмови како скроени за ладен викенд

Температурите неочекувано се спуштија, а тоа значи само едно: стуткани дома на топло, под меко удобно ќебенце, со многу чоколадо, пуканки, вино и неколку добри нови филмови.

10-novi-esenski-filmovi-kako-skroeni-za-laden-vikend-01.jpg

Листата содржи предлози за сечиј вкус – од хорор, драма, љубовна комедија, до вестерн и акција. 

Сите сме подготвени за незаборавен филмски викенд:

Billionaire Boys Club (2018)

Работен според вистинска приказна, во раните ’80-ти години, младиот, талентиран и амбициозен Џо Хант ќе направи милијарда долари со помош на пирамидална измама.

https://www.youtube.com/watch?v=XkdZzOM2VGA

Hereditary (2018)

Кога бабата на семејството Греам ќе почине, нејзината ќерка и внуките започнуваат да откриваат мрачни тајни поврзани со нивните предци кои ќе ги преплашат, со оглед на злокобната судбина на која очигледно не може да ѝ избегаат.

Destination Wedding (2018)

Френк и Линдзи се запознаваат за време на патот кој ги води кон истата свадба. Тие не може да се поднесат, двајцата имаат чудни, специфични карактери, но она што започнува со антипатија, завршува на сосема поинаков начин.

Sierra Burgess Is a Loser (2018)

Сиера е повлечена тинејџерка која никогаш не била бакнатa. Кога една од најпопуларните девојки решава да ѝ се одмазди, животот на Сиера се менува и таа за прв пат се вљубува.

Hearts Beat Loud (2018)

Френк е самохран родител кој е принуден да ја затвори својата продавница со плочи. Неговата ќерка Сем наскоро заминува на колеџ, но пред да отиде таткото и ќерката започнуваат да создаваат музика која станува огромен хит на интернет.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...
10 филмови подолги од 3 часа на кои вреди да им дадете шанса Биографски драми, неколку филмови во режија на Мартин Скорсезе, но и научнофанта...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg