Непријатната вистина за тоа како се снимаат секс сцените во Холивуд
Кога актерите не се согласуваат на голотија, тогаш имаат дублери за телото.
Кога актерите одбиваат голотија, имаат дублери кои исто така потпишуваат договор со детали за експлицитните сцени.
Понекогаш еден актер има дури и повеќе дублери. На пример за замена на актерка во кадар понекогаш се прикажуваат гради од една дублерка, задник од втора, а нозе од трета.
Сцените се покомплицирани ако треба да биде вклучено и лицето на актерот и голото тело едновремено. Тогаш постпродукцијата го изведува тоа со спојување на главата на актерот со телото на дублерот.
Често за актерите да бидат поопуштени обезбедени се т.н. „затворени сетови“.
На филмските проекти работат екипи од стотици луѓе, а за време на „затворените сетови“ актерите и режисерот функционираат со најминималниот број на луѓе што може за снимање на сцената.
Во договорот актерите покрај ова, може да побараат и други услови како на пример во собата да има одредена температура, некои членови од екипата да го свртат грбот додека се снима итн.
Многу актери користат хумор за да се опуштат пред секс сцените.
На пример актерот Џејми Дорнан при снимањето на „50 Shades of Grey“, кој изобилува со секс сцени, користел хумор за да ја опушти Дакота Џонсон.
Снимањето за да мине добро не треба да има тензија меѓу актерите, затоа што енергијата се чувствува на ТВ екраните.
Актерите не се возбудени како што изгледаат на екраните.
Актерите се професионалци кои си ја вршат работата и симулирањето на секс е дел од тоа. За нив е некомфорно и тие дефинитивно не се возбудени како што изгледа на екраните.
Снимањето постојано се запира, потезите се повторуваат, сите ги гледаат додека тие се обидуваат да доловат страст во ситуација кога се згрчени и под стрес.
Но, и актерите се луѓе, па така понекогаш помеѓу некои од нив доаѓа и до раѓање на вистинска физичка поврзаност.
Еден режисер вели дека иако не видел ерекција, видел голема возбуда кај актери за време на снимање со актерка што ги привлекува. Тоа е техничка работа, но сепак се голи и се допираат меѓусебно.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

