Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Непријатната вистина за тоа како се снимаат секс сцените во Холивуд

Како Џејми Дорнан при снимањето на „50 Shades of Grey“, кој изобилува со секс сцени, ја опуштал Дакота Џонсон? Дали тоа што го гледаме на ТВ екраните се секогаш телата на актерите?

neprijatnata-vistina-za-toa-kako-se-snimaat-seks-scenite-vo-holivud-01.jpg

Кога ги гледате филмските секс сцени на екраните тие ви изгледаат природни, еротски и како да се направени без грам труд, но дали знаете дека во позадина има многу размислување, тешка работа и претходни подготовки?

Многу луѓе применуваат разни техники за да се креира магичниот финален продукт.

Како изгледа креирањето на секс сцените:

Голотијата и снимањето на секс цени детално се дискутирани пред кастингот и наведени во договорот на актерот.

Актерот што го гледате гол на филмското платно претходно договарал и преговарал за да го прифати тоа.

Понекогаш актерите прифаќаат само делови од телото да им бидат прикажани за време на такви сцени, прецизираат колку ќе траат тие сцени итн. Некои актери воопшто не прифаќаат голотија.

neprijatnata-vistina-za-toa-kako-se-snimaat-seks-scenite-vo-holivud-07.jpg

Некои режисери сакаат секс сцените да бидат испланирани во детали.

Режисерите им кажуваат на актерите што точно сакаат да видат за време на секс сцените, исто како што прават и за време на сите други сцени.

Актерите некогаш со часови вежбаат како ќе тече тоа, кој каде ја става устата, како се допираат, па бројот на пенетрирања, па како изгледа моментот на оргазам. Тие како роботи ги повторуваат потезите одново и одново.

neprijatnata-vistina-za-toa-kako-se-snimaat-seks-scenite-vo-holivud-08.jpg

Но, има и некои режисери кои сакаат импровизација при снимањето на секс сцените.

Некои режисери го сакаат природниот ритам во секс сцените. Нема специфична кореографија, само насока во која сакаат да се движат работите.

Сакаат помалкубројна екипа во собата каде се снима за актерите да бидат поопуштени за да импровизираат.

neprijatnata-vistina-za-toa-kako-se-snimaat-seks-scenite-vo-holivud-02.jpg

Актерите најчесто носат прекривки на делови од телото кои не се во кадарот.

Дали некогаш сте гледале страстна секс сцена и сте се запрашале колку всушност се голи актерите? Вистината е дека кога одреден дел од нивните тела не е во кадар тие носат специјални прекривки на него. На пример актерите често на нивниот полов орган носат прекривка која буквално изгледа како чорап.

Прекривките се од материјал во иста боја како кожата. Често кога симулираат секс меѓу актерите има поставено перници.

neprijatnata-vistina-za-toa-kako-se-snimaat-seks-scenite-vo-holivud-03.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Холивудски актери кои изгубиле милиони бидејќи одбиле улоги Можете ли да го замислите Вил Смит како Нео од The Matrix? А, Мет Дејмон во глав...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg