10 нови возбудливи филмови за бурен викенд

Подготвени за нови филмски авантури? Викендот е пред нас, а тоа значи слободно време исполнето со нови наслови од седмата уметност.

10-novi-vozbudlivi-filmovi-za-buren-vikend-01.jpg

А во новата „тура“ филмови се наоѓа по нешто за сечиј вкус – трилер, драма, акција, романтика, комедија, документарен филм. Филмскиот викенд може да започне:

The Spy Who Dumped Me

Одри и Морган се најдобри пријателки кои неочекувано се вплеткуваат во опасен интернационален заговор, откако Одри ќе открие дека момчето кое ја откачи е всушност, шпион.

Hotel Artemis

Дејствието се одвива во блиската иднина во Лос Анџелес, каде што „медицинската сестра“ управува со хотел кој им нуди засолниште, скривалиште и прва помош на опасни криминалци.

Don’t Worry, He Won’t Get Far on Foot

Џон Калахан доживува несреќа која целосно му го менува животот. Во обидот да се дистанцира од алкохолот како негов најголем порок, тој ја открива исцелувачката страна на уметноста, цртајќи комични илустрации кои му даваат нова перспектива на животот.

Sicario: Day of the Soldado

Војната поврзана со дрогата ескалира на американско-мексиканската граница, додека картелите тајно пренесуваат терористи во САД. Федералниот агент Мет Грејвер собира тим кој ќе се соочи со криминалците.

Occupation

По нападот од страна на вонземјани, мала група на сограѓани мора да делува здружено и сплотено, и секогаш да биде еден чекот напред со цел да го спасат својот дом, и најважното – своите животи.

https://www.youtube.com/watch?v=FsC15OBrBk0

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg