Трејлер за неодоливите авантури на кралското кученце во филмот „The Queen's Corgi“
Кралицата Елизабета ги обожава кучињата од расата корги, иако веќе не може да ги одгледува.
Сепак, таа љубов била инспирација за нов анимиран филм за деца, „The Queen's Corgi“, кој треба да излезе во 2019 година.
Во филмот приказната се раскажува од аспект на преслаткото корги кученце по име Рекс и неговите авантури и неволјите во кои често запаѓа. Засега нема потврда дали Рекс е инспириран од некои од кучињата кои кралицата веќе ги чувала.
Она што ќе ги воодушеви фановите на кралското семејство е дека автентично ќе биде прикажана приказната за кралицата Елизабета и нејзината посветеност на одгледувањето кучиња од оваа раса.
Во филмот пак, Рекс е немирно кученце кое играјќи си, излегува од кралската палата и треба да се соочи со многу предизвици за да се врати кај своите сопственици и роднини.
Кралицата Елизабета со години одгледуваше кучиња корги, а нејзината љубов кон нив започнала уште во 1930-тите години, кога била многу мала.
Првото корги го добила како подарок од својот татко. Во следните 70 години таа одгледа многу легла, но мораше да се откаже и од тоа, бидејќи постоела опасност да се повреди додека се грижи за нив.
Последното куче корги во сопственост на кралицата, Вилоу, почина во април оваа година, кога таа и официјално заврши со своите обврски со одгледувањето.
https://www.youtube.com/watch?v=1EezOE9WtvU
Е. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





