5 морничави серии поради кои ќе ви биде страв да седите во темница
Најновата серија на Netflix со наслов „The Haunting of Hill House“ мајсторот на модерниот хорор, Стивен Кинг, ја опиша како „генијално ремек дело“. ТВ серијата која е работена според новелата на Ширли Џексон од 1959 година ги собра симпатиите на сите љубители на хорор филмовите и мрачната готика.
Подготвени да гледате серии поради кои ќе подголтнете од страв и ќе го чекате изгрејсонцето за да појдете во тоалетот? Љубителите на мрачни, страшни и морничави серии, обединете се за:
The Haunting of Hill House
Приказната непрестајно „се сели“ од минатото во иднината и обратно, во која оштетено семејство се соочува со страшните спомени коишто ги прогонуваат од нивниот стар дом и бизарните настани коишто придонеле за ситуациите во кои се затечени.
https://www.youtube.com/watch?v=G9OzG53VwIk
American Horror Story
На 12 септември започна 8 сезона на популарната серија, која очигледно нема намера да запре со хорор приказните. Сара Полсон повторно се враќа на платното, а дејствието следи неколкумина преживеани по нуклеарен напад кои се засолнуваат во бункер предводен од страна на жена која е вистински тиранин.
Castle Rock
Оваа серија е работена според новелите на Стивек Кинг и го следи развојот на настаните во фиктивното место „Castle Rock“. Едно момче е заробено во подрумскиот затвор повеќе од деценија, а не е остарено ниту еден ден. Кога конечно го откриваат, тој го бара Хенри Дивер, адвокат кој одамна се иселил од Кесл Рок, по мистериозната смрт на неговиот татко.
https://www.youtube.com/watch?v=gXsKCQenpt0
Penny Dreadful
Апсолутно мора да ѝ дадете шанса на оваа серија, иако е завршена и брои само 3 сезони. Во неа, Сер Малком Мјуреј, американскиот револверист Итан Чендлер, научникот Виктор Франкештајн и Ванеса Ив која има способност да комуницира со духови се здружуваат со цел да се борат против натприродните закани во викторијанскиот Лондон.
The Strain
Гиљермо дел Торо се потпишува зад овој неверојатен хорор трилер, во кој мистериозна натприродна закана од минатото се враќа во форма на вампирство и пустоши низ Њујорк.
https://www.youtube.com/watch?v=RiN8Edb4×2w
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





