Совршен викенд маратон со филмови чии продолженија се подобри од првиот дел

Ништо како оригиналот, нели? Овие 10 филмови го потврдуваат спротивното, дека понекогаш второто, третото или пак шестото продолжение на франшизата не претставува „Невозможна мисија“ за создавање на добар и квалитетен филм.

Filmovi-cii-prodolzenija-se-podobri-od-prviot-del-01.jpg

На колку вакви филмови може да се сетите? Листата е прилично долга, но ние одбравме 10 чии продолженија се подобри од оригиналот. 

Што да погледнете овој викенд?

Toy Story 3 (2010)

Приказната за играчките е можеби најдобро заокружената трилогија во анимираниот свет. Навистина е тешко да се одбере фаворит, но третиот дел навистина ги освои срцата на публиката и критичарите.

Ќе ви биде особено тешко да не пуштите солза од многуте емоции, особено во последните 10 минути од цртаниот филм.

The Dark Knight (2008)

Не само што вториот дел е најдобриот од трилогијата на режисерот Кристофер Нолан, туку многумина тврдат дека ова е најдобриот филм за супер херој направен кога било.

Тој ја надмина славата од првиот Batman Begins од 2005 година, а ниту третиот The Dark Knight Rises (2012) не успеа да му се приближи на „Темниот витез“.

Harry Potter and the Prisoner of Azkaban (2004)

Обожавателите веројатно имаат свој фаворит од серијалот за Хари Потер, но третиот дел од 2004 година е оној кој ја трансформираше франшизата од детска во многу посериозна. Тоа веројатно се должи на режисерот Алфонсо Куарон и на појавувањето на Гери Олдман во улогата на Сириус Блек.

Lord of the Rings: The Two Towers (2002)

Дали ова доаѓа како некое посебно изненадување? Вистинските обожаватели и познавачи на делото на Толкин и визијата на Питер Џексон ќе ви одговорат – не. Драма, акција, пресврт, кулминација, сè што би посакале од еден Господар на прстените.

Terminator 2: Judgement Day (1991)

Иако филмот е стар 27 години, можете да го пронајдете на многу квалитетна снимка и да се уверите зошто ниту еден дел од серијалот Терминатор не успеа да му се приближи на вториот дел од 1991 година со Линда Хамилтон и Едвард Фурлонг.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg