Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм "Налепница"


Синема Футура заврши со снимање на краткиот филм "Налепница"

Продуцентската куќа Cinema Futura заврши со снимањето на краткометражниот игран филм “Налепница” по сценарио и режија на Георги М. Унковски.

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-1.jpg

Се работи за црна комедија во која главниот лик по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола тргнува на пат и запаѓа во серија на проблеми. 

Филмот се снимаше 6 дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра Сашко Коцев, а во филмот настапуваат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски – Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски. Директор на фотографија е Наум Доксевски,  сценографијата ја изработи Кирил Спасевски, костимите Розa Трајческа а маската и шминката за гланиот лик Снежана Ангеловска и Ирена Сенокозолиоска.

Филмот се очекува својата премиера да ја има во првата половина на 2019. Проектот е поддржан и финансиран од агенцијата за филм на Република Македонија.

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-2.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-3.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-4.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-5.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-6.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-7.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-8.jpg

cinema-futura-zavrsi-so-snimanje-na-kratkiot-film-nalepnica-9.jpg

Би можело да ве интересира:

Актерите барале сценарија според оставени траги: Интересни факти за ва... Иако хоророт како жанр не ѝ е омилен на пошироката публика, постојат вистински ф...
Интересни факти за филмот кој остава без зборови - „Bird Box“ Филмот „Bird Box“ се појави на Нетфликс на 21 декември 2018-та, а само на платфо...
Кој всушност беше главниот лик во „Friends“? Иако сите сакаме да веруваме дека сите шестмина беа главни ликови во серијата, н...