10 филмови и серии кои ќе ви го стоплат срцето во овој студен декември
Call The Midwife (2012 - )
1950 година, Источен Лондон. Оваа прекрасна британска серија ја следи приказната за бабиците и предизвиците со кои се соочуваат тие при породувањето на пациентките.
Hugo (2011)
Младиот Хуго живее на железничката станица. Тој се вплеткува во неверојатна мистерија и полека почнува да ги открива деловите од сложувалката кои го вклучуваат неговиот покоен татко и неверојатната подвижна направа која имитира човечко суштество.
Splitting Up Together (TV Series 2018 - )
Што ќе се случи откако Лена и Мартин ќе решат да се разведат, но поради доброто на трите деца продолжуваат да живеат во истата куќа, менувајќи се секоја недела на смени во поглед на грижата за децата?
https://www.youtube.com/watch?v=BY5GTen28jw
Upside Down (2012)
Адам и Идн се вљубуваат, иако живеат во идентични светови кои функционираат со помош на сопствена гравитација „влечејќи“ ги во обратни насоки. Љубовта е забранета, сè додека еден ден Адам не одлучи да ја преземе судбината во своите раце.
Downton Abbey (TV Series 2010 - 2015)
Оваа неверојатна историска драма со 6 сезони ја следи сагата на семејството Кроули на почетокот на 20 век. Тие се угледно аристократско семејство кое се соочува со подеми и падови, а нивните три ќерки се секоја приказна сама за себе.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





