10 филмови и серии кои ќе ви го стоплат срцето во овој студен декември
Додека многумина уживаат во предновогодишната еуфорија, други се соочуваат со напорен и стушен период. Сè што посакуваат е само да се стуткаат под ќебето, да се стоплат со чај или какао, да изгледаат добар филм и да заборават на сите грижи.
Доколку и вие припаѓате во втората група, имаме решение за вас. Поточно – 10 решенија. 5 одлични филмови и 5 серии, мошне внимателно одбрани со една цел – да ви го стопат срцето и да ви ја стоплат душата.
Ќе се насмеете и ќе си поплачете од убавина:
Dumplin‘ (2018)
Вилоудин е тинејџерка со вишок килограми, чија мајка е поранешна мис на убавина, која сè уште ги организира ваквите избори во мало гратче во Тексас. Во обид да ја докаже својата поента и да започне револуција, „Дамплин‘“ ќе се пријави на изборот.
The Marvelous Mrs. Maisel (2017 -)
Кон крајот на доцните ’50-ти години во Њујорк, Миријам „Миџ“ Мејзел има сè што ќе посака – прекрасен дом, сопруг и 2 дечиња. Но, таа е многу повеќе од мајка и сопруга. Миџ има вистински талент и дарба за стенд-ап комичарка.
Miracles from Heaven (2016)
Кристи Бим открива дека нејзината 10-годишна ќерка Ана страда од ретка и неизлечива болест. Додека мајката се обидува да ја спаси, Ана ќе доживее несреќа која ќе го промени нејзиниот живот, а по гледањето на филмот ќе си ја преиспитате сопствената верба во нештата. Снимен по вистински настан.
This Is Us (2016 - )
Џек и Ребека се практично совршениот пар, а нивната среќа наскоро ќе се помножи со 3, бидејќи Ребека е бремена со тројка. Но, едно од бебињата нема да преживее. Џек и Ребека носат одлука која ќе им ги смени животите засекогаш.
The Intern (2015)
Бен Витакер е витален 70-годишен вдовец, која нема асполутно никакви обврски, сè додека не наиде на оглас каде што се бара стажант во перспективна компанија. Основачот и сопственичката е млада и амбициозна девојка со која Бен ќе оформи необично пријателство.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





