Филмски празничен викенд на тема: Божиќни филмови

Можеби најубавиот период од почетокот на секоја нова година – божиќните празници. Време за дарување и дружба со семејството во рамките на домот, со преполна, вкусна трпеза.

Praznicen-vikend-na-tema-bozikni-filmovi-01.jpg

Што недостасува? Секако, добар филм. Ние одбравме точно 10, неколку нови, неколку анимирани и неколку постари божиќни класици во кои со сигурност ќе уживате.

Време е за филмови обоени со божиќна тематика, одберете ги вашите фаворити:

The Christmas Chronicles (2018)

Кејт и Теди Пирс се брат и сестра кои кројат неверојатен план – да го фатат Дедо Мраз на снимка како ги остава подароците под елката. Но, нештата тргнуваат наопаку откако Дедо Мраз ја губи санката и торбата со подароци. Кејт и Теди се обидуваат да му помогнат да ја пронајде навреме за Божиќ во највозбудливата ноќ во нивните животи.

https://www.youtube.com/watch?v=oJajqsLrmaA

Arthur Christmas (2011)

Дедо Мраз им носи подароци секоја година на дечињата коишто биле умни. Целата операција е вешто водена на Северниот пол. Но, што ќе се случи кога Дедо Мраз ќе заборави едно дете, помеѓу милијардите дечиња во светот? Подарокот треба да го однесе Артур, најмладиот син на Дедо Мраз.

A Christmas Story (1983)

Вистински класик во морето божиќни филмови, овој ја следи приказната на Ралфи, кој сонува за совршениот подарок кој се надева дека ќе го добие под елката, додека се обидува да се држи подалеку од момчето кое го малтретира.

Better Watch Out (2016)

Ешли е бејбиситерката на Лук и вечерта која треба да биде идилично мирна наскоро се претвора во кошмар во кој Ешли и Лук мора да се бранат од натрапниците во домот. Но, кој е всушност вистинскиот натрапник?

Elf (2003)

Уште како мало дете, Бади случајно завршува на Северниот Пол и е израснат како еден од помошниците на Дедо Мраз. Но, тој чувствува дека не припаѓа и во неговата елфовска униформа заминува во Њујорк во потрага по неговиот вистински татко.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg