Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој всушност беше главниот лик во „Friends“?

Иако сите сакаме да веруваме дека сите шестмина беа главни ликови во серијата, науката покажува дека фокусот, всушност, бил само врз една личност.

koj-vsushnost-beshe-glavniot-lik-vo-friends-01.jpg

Шоуто, иако одамна завршено, секој ден има нови и нови фанови, а оние постоечките ја гледаат целата серија повторно, потсетувајќи се на омилените епизоди.

Но, дали некогаш би помислиле дека само еден од нив беше главен лик? Компјутерските науки можат да го докажат и тоа.

Јашу Сет се занимава со компјутерски науки и на својот блог објавил детална анализа на транскриптите од секоја епизода, направена со помош на алгоритми, врз основа на кои открива кој е главен лик во „Friends“.

Со помош на анализата открил дека Рејчел и Рос имаат по околу 9000 реплики, а фиби има најмалку од сите, 7400. Рос и Рејчел исто така имаат најдолги реплики, но во бројот на сцени лидер е Чендлер. Него го има во 1400 сцени, додека Рејчел и Рос во 1370, односно 1330 сцени.

Но, затоа пак, според Рејчел има најмногу наслови на епизоди, додека Моника е спомната само 8 пати во наслови.

Сепак, ѕвезда на ова шоу е Рос, според тоа колку пати се спомнува неговото име во наслов на епизода, колку реплики имал и во колку сцени се појавува, комбинирано.

koj-vsushnost-beshe-glavniot-lik-vo-friends-02.jpg

Би го гледале шоуто пак, знаејќи дека целото е посветено на Рос?

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...
10 популарни серии кои (ќе) имаат нови сезони во 2025-та The White Lotus, The Handmaid"s Tale, Black Mirror – дел од најпопуларните серии...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg