Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


5 хитови и 5 помалку познати филмови кои треба да ги изгледате овој јануари

Помалку познат филм: Oranges and Sunshine (2010)

До раните ’70-ти години, многу британски сирачиња од сиропиталишта и дисфункционални домови биле транспортирани со бродови до Австралија, каде што им биле ветени „портокали и сонце“. Но, во 1987 година социјалниот работник Маргарет ќе ја открие злокобната судбина на овие дечиња, откако ќе се обиде да им помогне на две кои го преживеале хоророт.

Хит филм: Aquaman (2018)

Лошите коментари не стивнуваат после огромното разочарување на новиот филм работен според познатиот стрип на DCComics. Сепак, дефинитивно треба да го погледнете филмот за Артур кој дознава дека е престолонаследникот на подводното кралство Атлантик и да дадете самите оценка.

Помалку познат филм: The Darkest Minds (2018)

Овој филм помина мошне незабележано, но вреди да се погледне. Која тинејџерите необјасниво се здобиваат со супер-моќи, тие се етикетирани како закана за општеството. Една од најмоќните, Руби, успева да побегне од кампот и да се здружи со слични како неа, но набрзо сфаќаат дека бегањето не е одговор на проблемите.

Хит филм: Bumblebee (2018)

Најновиот дел од сагата Трансформерс се одвива во 1987 година. Автоботот Бамблби ќе биде пронајде од страна на Чарли, тинејџерка која наскоро ќе наполни 20 години и го бара своето место во светот. Чарли набрзо ќе открие дека не пронашла обична, жолта „Буба Фолксваген“.

Помалку познат филм: The Walk (2015)

Уште како момче, Филип Пети сонува да изведува точки преполни возбуда и адреналин пред публика. Како возрасен, со помош на неговиот ментор, Филип крои план да постави јаже помеѓу северната и јужната кула од Светскиот трговски центар и да го изоди без безбедносна опрема.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg