5 хитови и 5 помалку познати филмови кои треба да ги изгледате овој јануари

Јануари е како скроен за филмски маратонски вечери. Ова е најдолгиот месец според мислењето на многумина, кога агендата е преполна, а паричките одвај стигнуваат да ги покријат трошоците.

5-hitovi-i-5-pomalku-poznati-filmovi-01.jpg

Па најпаметно е да си останете дома и да ги изгледате сите понови и заостанати филмови. За вас имаме 5 апсолутни хитови од 2018 година и 5 помалку познати филмови кои, иако се потценети, дефинитивно треба да ги изгледате:

Хит филм: Bird Box (2018)

Ако сте едни од ретките кои сѐ уште не го изгледале, мора да го сторите тоа во најбрзо можно време. 5 години откако многумина од луѓето во светот се самоубиле поради необјасниви причини и околности кои напаѓаат како некој вид на вирус, мајка со 2 деца се обидува да ги пренесе преку реката до безбедно место.

Помалку познат филм: While We’re Young (2014)

Корнелија и Џош се возрасен пар чиј шаблонски живот е прекинат откако ќе ги запознаат Џејми и Дарби, млад пар кој внесува поинаква свежина во нивната здодевна рутина.

Хит филм: Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald (2018)

Во вториот дел од популарниот филм работен според делата на Џ.К. Роулинг, Њут Скамандер ги продолжува своите авантури, овој пат борејќи се против Гринделволд, кој има цел да создаде армија од чистокрвни волшебници кои ќе владеат со светот.

Помалку познат филм: The Jacket (2005)

Џек Старкс е воен ветеран кој страда од амнезија и не може да сфати како се нашол среде местото на злосторството. Тој е подложен на необична експериментална терапија, кога открива дека може да патува низ времето во иднината, каде што ќе ја открие неговата судбина.

Хит филм: Mary Poppins Returns (2018)

Магичната дадилка Мери Попинс повторно се враќа во семејството Бенкс, овој пат да им помогне на децата на Мајкл Бенкс. Тој пак се соочува со своите проблеми – губењето на куќата доколку не успее да го пронајде документот кој потврдува дека неговиот татко многу одамна му оставил акции во наследство.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg