Први фотки од амбициозниот проект на Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“


Први фотки од амбициозниот проект на Тарантино, „Once Upon a Time in Hollywood“

Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Марго Роби, Ал Пачино и уште многу големи актерски имиња ќе ги гледаме во претстојниот деветти филм на Квентин Тарантино, кој раскажува бајка за последните златни години на Холивуд.

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-01.jpg

Тарантино бил само шестгодишно дете од Лос Анџелес во 1969, кога во текот на летото кланот на Чарлс Менсон убиваше. Ова и не би било холивудска приказна, ако една од неговите жртви не беше актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански.

Ако некоја година треба да се издвои од холивудската ера, тоа е токму 1969-та, поради луѓето кои во тоа време биле активни и животниот стил кој се живеел. Тарантино не е име кое го поврзуваме со историски филмови, но овојпат тој реши да раскаже сосема поинаква приказна.

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-03.jpg

На 26 јули оваа година во САД, а потоа и низ кината низ светот ќе биде реализиран филмот „Once Upon a Time in Hollywood“. Дел од приказната е и токму убиството на Шерон Тејт. Фокусот на филмот е на ТВ-актер чија кариера изумира и неговиот дублер, кој сака да стане познат, а прилика за тоа добива токму во периодот на масакрот во домот на Полански.

Магазинот „Vanity Fair“ ексклузивно ги објави првите фотографии од долгоочекуваниот амбициозен филм.

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-04.jpg

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-02.jpg

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-05.jpg

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-06.jpg

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-07.jpg

prvi-fotki-od-ambiciozniot-proekt-na-tarantino-once-upon-a-time-in-hollywood-08.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерите барале сценарија според оставени траги: Интересни факти за ва... Иако хоророт како жанр не ѝ е омилен на пошироката публика, постојат вистински ф...
18 години подоцна: Како изгледаат ѕвездите од бразилската хит серија К... Се сеќавате ли на бразилската серија која беше хит во 2001, а ја следеше приказн...
Мистериозни пожари, натприродни сили, клетви - Страшни работи кои се с... Сите обожаватели на хорор жанрот ќе се сложат дека уживаат во страшните сцени, к...