„Russian Doll“ - серија од 2019-та која веќе го освојува светот
Ако веќе ви се здодевни шаблонските драмски серии и сит-комови, време е да се обидете со нешто што ќе го задржи вашето внимание, но и ќе ве натера да размислувате што ќе се случува понатаму.
Најновиот проект на Нетфликс се вика „Russian Doll“ и се работи за комплексна сложувалка од дејствија. Меѓу креаторите на серијата се и Ејми Полер, Лесли Хедленд и Наташа Лион.
Лион е и главна ѕвезда на шоуто. Таа ја глуми Надја Вулвоков, жена од Њујорк која влегува во повторувачки дејствија секој ден, од моментот кога полни 36 години.
Според оние кои веќе ја следат серијата, таа може да им парира на „Westworld“ и „True Detective“, но и лесно да ги „прегази“.
За да не навлегуваме премногу во деталите, ќе ви откриеме само дека се работи за мрачна, бизарна и парадоксална, а во исто време и комична и сатирична приказна која сигурно ќе го задржи вашето внимание до самиот крај.
Првата сезона доаѓа во осум совршено осмислени епизоди поради кои во исто време ќе бидете и нетрпеливи и нервозни и ќе се смеете и едвај ќе чекате да видите што ви носи следната. Слободната нарација раскажува силна приказна за постоењето на луѓето, како и на смртта, како составен дел од човештвото.
Не постои серија со која би можеле да ја споредиме, затоа ви препорачуваме да ѝ дадете шанса, за да можете точно да сфатите зошто „Russian Doll“ веќе во февруари носи титула за една од најуспешните серии на годината.
;Е. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





