Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на врвот на листата на реномираниот Screen Media

Филмот на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ беше оценуван од жирито на Screen Media во Берлин, при што доби одлични првични резултати.

gospod-postoi-imeto-i-e-petrunija-na-vrvot-na-listata-na-renomiraniot-screen-mediа-01.jpg

Нашиот филм моментално се наоѓа на врвот на листата на жирито, заедно со Öndög на Ванг Куанан, со просечна оцена од 2,8, иако „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ го очекуваат уште два резултати, со што веројатно e дека ќе се искачи на самиот врв.

Инаку Screen Media за сите престижни фестивали, од рангот на Берлин, Венеција и Кан, повикува 7 најдобри новинари-филмски критичари од целиот свет кои заедно со уште еден филмски критичар од Screen International ги оценуваат филмовите на скала од 0 (многу лошо) до 4 (одлично). Годинешната жири комисија е сочинета од реномирани новинари од филмската фела од престижните медиуми Dagens Nuheter - Шведска, Frankfurter Allgemeine - Германија, Film Art - Русија, Die Zeit – Германија, The Paper – Кина, The Morning Star – Велика Британија, Segnocinema – Италија и еден филмски критичар од самиот Screen International.

Нашиот филм доби мешавина од оценки, меѓу кои и највисоката четворка Паоло Бертолин од „Сегносинема“ што во моментов го рангира на првото место, а пак по добивање на оценките и од Шведска и Кина, неминовно е дека „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ и ќе остане највисоко на оваа престижна листа.

Инаку, Screen International е реномиран британски филмски магазин кој ја покрива меѓународната филмска индустрија. Наменет е првенствено за оние кои се инволвирани во глобалниот филмски бизнис, а датира уште од 1889 година кога бил основан под името “Optical Magic Lantern and Photographic Enlarger”.

Истиот објавува дневни публикации и критики од филмските фестивали и пазарите на Берлин – Германија, Кан – Франција, Торонто и Онтарио – Канада, американските филмски пазари во Санта Моника, Калифорнија и Хонг Конг.

Се одржа светската премиера и прес-конференцијата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Македонската екипа дочекана со овации на официјалната прес-конференција

Во присуство на 100-тина новинари од светот и филмски критичари, вчера изутрина македонската екипа на нашиот претставник за Златната мечка одржа прес-конференција во прес центарот HYATT.

На прес-конференцијата ѝ претходеше ексклузивна затворена премиера на филмот, исклучиво за новинарската публика и филмската критика, кои со воодушевување и овации ја пречека нашата екипа.

На прес-конференцијата, која инаку предизвика огромен интерес меѓу новинарите, се обратија режисерката Теона Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева (која го игра ликот на Петрунија) и сценаристката Елма Татарагиќ.

Во 16 часот следеше и светската премиера на филмот во преполната главна сала на фестивалот Berlinale Palast, чијшто капацитет е 1800 седишта.

Фотографиите од црвениот тепих може да се погледнат ТУКА.

(Photo Credit: Beata Siewicz)

Фотографии од официјалната прес-конференција може да се погледнат ТУКА.

(Photo Credit: Beata Siewicz)

Повеќе за настаните врзани со промоцијата на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, погледнете на официјалната страница на Берлинале.

Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Ја дрогирале Џуди Гарланд, организирале оргии: Скандалите на снимањето на „Волшебникот од Оз“ Иако ужива статус на култен филм, снимањето на „Волшебникот од Оз“ во 1930-тите ...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg