Филмови кои треба да ги изгледате пред Оскарите во 2019 година

A Star Is Born

Филмот кој не е „сечија шолја чај“, адаптација на оној со Барбара Стрејсенд и Крис Кристоферсон од 1976 година, е во режија на Бредли Купер, кој ја толкува и главната улога на рок ѕвезда чија кариера е во пад. Во неговата верзија тој ја одбра Лејди Гага како неговата муза и ѕвездата во подем.

https://www.youtube.com/watch?v=nSbzyEJ8×9E

BlacKkKlansman

Со шарм сосема типичен за режисерот Спајк Ли, филмот е работен според вистинската приказна на Рон Сталворт, афро-американски полицаец кој ќе успее да се инфилтрира во редовите на Кју Клукс Кланот со помошта на неговиот колега.

The Wife

Глен Клоуз ја носи номинацијата за „Најдобра женска улога“ за драмата „The Wife“. Таа започнува да ги испитува сите свои животни избори и одлуки додека оди кон Стокхолм со нејзиниот сопруг, добитник на Нобеловата награда за литература.

Green Book

Тони Лип, човек со италијанско потекло кој работи како обезбедувач му станува личен возач на талентиран афро-американски пијанист за време на неговата турнеја во текот на ’60-тите години во јужниот дел на Америка.

Can You Ever Forgive Me?

Ли Израел е популарна писателка на автобиографии, потпишувајќи ги зад себе животните стории на Кетрин Хепберн и Есте Лодер. Кога ќе го изгуби чувството за пишување за кое бараат да биде во чекор со светските трендови, таа добива оригинална и неочекувана идеја како да ја продолжи кариерата.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg