Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови кои треба да ги изгледате пред Оскарите во 2019 година

Номинациите за најпрестижната филмска награда се веќе објавени. 8 филмови се во трката за главната награда – „Најдобар филм“ кој ќе ја добие златната статуетка.

Filmovite-koi-treba-da-gi-izgledate-pred-Oskarite-2019-01.jpg

Пред почетокот на 91 издание на Оскарите за 2019 година, кое ќе се одржи на 24 февруари во Долби театарот во Лос Анџелес, погледнете ја листата на филмови кои дефинитивно заслужуваат да ги изгледате пред манифестацијата:

Roma

Од режисерската визија на Алфонсо Куарон доаѓа најновото ремек дело „Roma“. Клео е слугинка во домот на богато семејство во Мексико, во почетокот на ’70-тите години. Таа се грижи за нивните четири деца, а филмот дозволува да ѕирнеме зад превезот на нејзиниот навидум едноставен и едноличен живот.

Bohemian Rhapsody

Рами Малек е апсолутно генијален портретирајќи ја улогата на Фреди Меркјури, главниот вокал на култниот бенд Queen. Подемите и падовите на еден од најуникатните луѓе кои твореле на музичката сцена, филмот ќе ве остави во солзи, преполн со емоции и прекрасна музика.

The Favourite

Грчкиот режисер Јоргос Латимос кој се прослави со филмовите „The Lobster (2015)“ и „The Killing of a Sacred Deer (2017)“ ја носи номинацијата во категоријата „Најдобар филм“ за неговиот последен – „The Favouritе“.

Не почетокот на 18 век, кршливата кралица Ен е на тронот, а нејзината придружничка Сара ѝ помага во водењето на државните работи. Но, со пристигнувањето на Абигејл, млада и шармантна жена, ривалството помеѓу двете придружнички се засилува во борбата за освојување на симпатиите на кралицата.

Vice

Филмот кој собра одлична актерска екипа – Кристијан Бејл, Ејми Адамс, Стив Карел, ја раскажува приказната за Дик Чејни, бирократот од Вашингтон кој речиси тивко и незабележливо дојде до позицијата заменик претседател на Џорџ Буш.

Spider-Man: Into the Spider-Verse

Речиси сите очекуваат токму овој цртан филм да го „грабне“ оскарот за „Најдобар анимиран филм“. Мајлс Моралес е момчето кое неочекувано станува Спајдермен во неговата реалност и се здружува со останатите Спајдермен верзии од другите димензии во борбата против општата закана.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...
10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 божиќни филмови на Нетфликс кои ќе ве подготват за празничната сезона Новиот филм на Линдзи Лохан или, пак, добро познатиот Love Actually - што ќе гле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg