Зошто постарите филмови беа поимагинативни од новите блокбастери?

Иако не е тешко да се дојде до ваквиот заклучок, кога речиси секој втор филм се занимава со некој супер херој, новите истражувања покажаа дека постарите филмови навистина беа многу покреативни од сѐ што гледаме денес, а еве и зошто.

zosto postarite filmovi bea poveke imaginativni od novite blokbasteri 01

Златното доба на Холивуд не беше особено оригинална

Секогаш слушаме како периодот од 1929 до 1950 било златното доба на Холивуд. Во тоа време се појавуваат првите филмски ѕвезди, но доколку се запрашаме колку биле оригинални истите, ќе дојдеме до заклучок дека овој период бил прилично ограничен.

Креативноста започна со пропаѓањето на големите филмски студија. Во педесеттите години на минатиот век почнаа да се развиваат креативните и независните продукции. За време на овој период се појавува американскиот нов бран, европскиот арт хаус, францускиот нов бран, вестерни (популарно нарекувани шпагети) и јапонската кинематографија, која внесува многу нови и до сега неупотребени техники.

zosto postarite filmovi bea poveke imaginativni od novite blokbasteri 02

Истражувањата, исто така, покажаа дека луѓето, кога станува збор за филмови, преферираат нови идеи, но овие идеи не треба да бидат премногу револуционерни. Кога е нешто премногу чудно, публиката тешко може да го свари, но кога е нешто премногу познато, истото станува здодевно.

Квантитет наспроти квалитет

Друга причина поради која постарите филмови добиваат поголем рејтинг е што денес се снимаат сé повеќе и повеќе филмови, а повеќето од нив се лоши. Пред дигиталната видеографија да стане мејн стрим во 2000-тите години, мал број на луѓе имале ресурси за снимање на филмови. Оние кои вложувале голем напор, најчесто завршувале со поквалитетен филм.

zosto postarite filmovi bea poveke imaginativni od novite blokbasteri 03

Што е проблемот со филмовите денес?

1. Многу често се снимаат продолженија и преработки, особено кога некој филм ќе постигне голем успех. Овие продолженија се снимаат само за поголема заработувачка, поради што, често пати приказната паѓа во втор план, додека се нагласуваат нереални акциони сцени, елементи на шок и сл.

2. Добрите заплети се реткост. Секако дека е тешко да се напише приказна која ќе биде квалитетна, до сега невидена и оригинална. Затоа големите филмски студија често крадат идеи од постарите европски филмови, кои не секогаш успеваат да ги доловат интелигентно. Постојат и многу адаптации на стрипови и книги, со модерни “твистови“ кои понекогаш се едноставно бесмислени и непотребни.

zosto postarite filmovi bea poveke imaginativni od novite blokbasteri 04

3. Изборот на актерите. Иако и порано Холивуд избираше актери кои не беа нужно талентирани, но изгледале убаво и фотогенично на камерата. Во денешните филмови често гледаме манекенки и манекени кои се обидуваат да ни ја пренесат приказната и идејата на филмот, но токму поради недостиг на талент и реалност во нивната изведба, публиката не успева да се поврзува со нив, што завршува со недостиг на катарза.

4. Не постојат повеќе едукативни филмови кои публиката ја тераат на критичко размислување. Акцентот се става на “гламурот“ на акционите сцени, на брзата монтажа, специјалните ефекти, додека самата кинематографија, која треба да ја долови атмосферата и да командува со емоциите на публиката, паѓа во втор план.

5. Консумеризам и капитализам. Бидејќи денес многу луѓе гледаат филмови, серии и често ги посетуваат кино салите кои ни нудат пуканки, чипс, сокови, 3Д ефекти и комфор, снимањето филмови се сведе на големи заработувачки, чија главна идеја стана “wow“ ефектот. Доколку на филмот му фалат овие ефекти на екстатичност, нереалност и илузија, заработувачката нема да биде голема.

Филмовите се сепак, во денешното време, главниот мејнстрим катализатор преку кој учиме за светот околу нас и неговиот сензационализам. Дали и вие сметате дека старите филмови биле поквалитетни од новите или сметате дека иднината на филмот треба да продолжи по овој пат, бидејќи, рака на срце, филмовите постојат за публиката, а публиката ужива во забава и фантазија, додека за сé друго постојат книгите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg