Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филмови за забранета љубов со неверојатни епски љубовни приказни

Подготвени за малку романтика? Убавото сончево време го буди најдоброто во нас, а нежните, романтични чувства не се никаков исклучок. Кога помислуваме на епска љубовна приказна, неминовно на памет ни паѓаат Ромео и Јулија, или Џек и Роуз од Титаник. Дали се најдоа на листата?

Filmovi-so-zabraneta-ljubov-01.jpg

Погледнете ги нашите предлози со заплеткани и култни љубовни приказни:

Anna Karenina (2012)

Неверојатна приказна работена според романот на Толстој, која се одвива во доцните години на 19 век. Ана Каренина е прекрасна, млада жена која ѝ припаѓа на високата аристократија, заробена во бракот без љубов.

Турбуленциите во нејзиниот живот започнуваат откако го запознава блескавиот гроф Алексеј Вронски.

The Burning Plain (2008)

Во сегашноста, Силвија делува како силна и самоуверена жена која води ресторан, но вешто ги прикрива својата промискуитетност, самоповредувањето и самоубиствените нагони.

Во паралелна приказна која се одвива во минатото, една девојка сака да открие зошто нејзината мајка започнала афера.

Romeo + Juliet (1996)

Преку неверојатната визија на Баз Лурман доаѓа една од најтрагичните љубовни приказни на сите времиња, онаа на Ромео и Јулија и нивните завојвани семејства.

Режијата, костимографијата, сценографијата и музиката се спектакуларни во поглед на оваа модерна верзија на приказната на Шекспир.

https://www.youtube.com/watch?v=gjxHdNxvySU

I Am Love (2009)

Ема ја напушта Русија со цел да живее со нејзиниот сопруг во Италија. Дел од моќна фамилија на индустријалци и почитувана сопруга и мајка на 3 деца, таа живее празен, неисполнет живот, сè додека еден ден младиот Антонио не ѝ ги заскокотка сетилата.

5 to 7 (2014)

Младиот и шармантен Брајан кој има желба да стане писател се запознава со жена, која целосно ќе го освои. Сепак, постои пречка: Таа е мажена и тие може да се среќаваат секој ден само од 17 до 19 часот навечер.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови во кои славните актери и глумеле и биле режисери Во филмот што го режираше Анџелина Џоли, глумеше и нејзиниот тогашен сопруг, Бре...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 филмови кои ќе ви дадат утеха кога минувате низ тежок период My Neighbor Totoro кој ќе ве врати во безгрижните детски денови или Amélie кој ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg