10 продолженија на популарни филмови кои се снимаат во моментов и ги очекуваме со нетрпение

Филмската индустрија работи со полна пареа, но се чини дека понекогаш големите продуцентски куќи немаат многу нови идеи, или пак сакаат да заработат на нешто што се покажало како мошне успешно.

10-prodolzenija-na-popularni-filmovi-koi-se-snimaat-vo-momentov-01.jpg

Работејќи по добро проверен рецепт, во продукција се неколку филмски продолженија на мега популарни филмови, а дел од нив ќе ги видиме уште оваа година:

Maleficent: Mistress of Evil (2019)

Анџелина Џоли и Ел Фенинг повторно се враќаат во своите препознатливи улоги на Малефисент и принцезата Аурора. Премиерата е закажана за 18 октомври, 2019 година.

View this post on Instagram

A post shared by Elle Fanning (@ellefanning)

Mulan (2020)

Филмуваната верзија на познатиот цртан филм од 1998 година ја прикажува девојката воин Мулан, која маскирајќи се во машко се приклучува кон кинеската војска. Премиерата е закажана за 27 март, 2020 година.

https://www.instagram.com/p/Bcb9drxHUGm/?utm_source=ig_embed

Jumanji 3 (2019)

По огромниот успех на Jumanji: Welcome to the Jungle од 2018 година, објавено е дека се снима и трет дел од филмската франшиза за популарната игра. Премиерата е закажана за декември, 2019 година, а се очекува сите од вториот дел да ги репризираат своите улоги. Во очекување на официјалниот трејлер…

Avatar 2,3,4 и 5 (2020 -)

Аватар е сè уште во првите 2 филмови со најголема заработувачка на глобално ниво, а можеме да очекуваме дури 4 продолженија на филмот. Режисерот Џејмс Камерун потврди дека истовремено ги снима вториот, третиот, четвртиот и петтиот дел за сините вонземјани.

Премиерата на Аватар 2 е закажана за 2020 година, а останатите делови ќе се објавуваат секоја наредна година. Главните улоги ќе ги репризираат Зои Салдана и Сем Вортингтон.

10-prodolzenija-na-popularni-filmovi-koi-se-snimaat-vo-momentov (5).jpg

IT: Chapter 2 (2019)

Морничавата сага за кловнот Пенивајз повторно ќе оживее на филмското платно. Дејствието е сместено 27 години подоцна од настаните кои се одвиваа во римејкот од 2017 година. Членовите на „Лузерскиот клуб“ се веќе пораснати и речиси ги имаат заборавено страшните настани од минатото, кога еден телефонски повик ќе смени сè.

Премиерата е закажана за 6 септември оваа година, а во главните улоги се Џесика Честејн и Џејмс Макавој. Сè уште не е објавен официјалниот трејлер за филмот, кој и овој пат го потпишува режисерот Andy Muschietti.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 заплеткани филмови кои ќе ве натераат да размислувате Веќе култниот Blade Runner на Ридли Скот, но и уникатниот Stalker на рускиот реж...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg