Филмови и серии кои ќе ве освежат со нова енергија

The Grand Tour

Триото автомобилски фанатици, Џереми Кларксон, Ричард Хемонд и Џејмс Меј се враќаат со 3 нови сезони кои доаѓаат по завршувањето на ТВ серијалот познат како Top Gear.

Покрај добри (но и многу лоши автомобили), триото се враќа со многу новитети и стариот добро препознатлив британски хумор. Одлично шоу во кое ќе уживаат дури и оние на коишто автомобилите и не им се некоја пасија.

The Hate U Give

Стар живее во гетоизирана населба каде што живеат само Афроамериканци. Но, нејзината мајка секојдневно ја носи во друго, елитно училиште каде што учениците се генерално белци.

Стар е растргната помеѓу двата света и не знае каде точно припаѓа. Водејќи практично двоен живот, откако ќе биде сведок на грозоморен чин, таа мора да го пронајде својот глас и местото каде што припаѓа.

Mary Queen of Scots

Мери Стјуарт, кралицата на Шкотска се обидува да го заземе престолот на нејзината братучетка, кралицата Елизабета I која е на англискиот престол се соочува со бројни проблеми, интриги и предавства. Историска драма која остава без здив.

Captain Marvel

Керол Денверс ќе стане капетан Марвел, една од најмоќните хероини во универзумот, откако Земјата ќе биде ставена во центарот на галактичка војна помеѓу две вонземјански раси. Дури и доколку не сте ги гледале претходните филмови на Marvel, прилично лесно ќе се вклопите во содржината.

Stan & Ollie

Лорел и Харди, најдоброто дуо комичари во светот се соочуваат со несигурна иднина, откако златната холивудска ера е веќе зад нив. Сепак, и покрај возраста, тие решаваат уште еднаш да му го покажат својот талент на светот со турнеја во Британија во 1953 година.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg