Банални работи на кои размислуваме додека гледаме филмови

Во филмовите најчесто се прикажани совршено осмислени сценарија кои најчесто не се воопшто исти како во реалноста.

banalni-raboti-na-koi-razmisluvame-dodeka-gledame-filmovi-01.jpg

Па, тоа некогаш ги тера гледачите да размислуваат на некои недостатоци при снимањето, како и на секакви останати банални ситници.

Многумина размислуваат на слични работи додека гледаат одредени сцени од филмовите, а во продолжение следи листа со неколку такви мисли.

Си ги поставувате ли и вие овие прашања?

1. Зошто актерите никогаш не одат во тоалет во кулминацијата на приказната?

banalni-raboti-na-koi-razmisluvame-dodeka-gledame-filmovi-02.jpg

2. Штета што уништија толку прекрасни градби и автомобили.

3. Изгледа менструални циклуси не постојат во филмовите, бидејќи нема жена на која плановите ѝ се уништиле заради тоа.

4. Наутро, ликовите имаат време да трчаат, да се избањаат, да појадуваат и да прочитаат неколку весници пред да одат на работа. Извинете, во колку часот се будат?

5. Кога ќе видиме како актери кои се во 30-ите години глумат лик во студентски години, секогаш размислуваме дека режисерите се малку наивни.

6. Секојдневното употребување на фразата „Како си?“ на многумина им е многу чудна во сцените од филмовите, бидејќи во реалноста се користи за личност која се има повредено или нешто слично...

7. „Јас сум полицаец ми треба твоето возило!“ – во овие сцени ви паѓа ли жал за возачите кои можеби имаат полоши проблеми во моментот?

8. Како ликовите секогаш успеваат да поминат низ гејтот на аеродромите во последна минута пред полетување само за да кажат некому дека не сакаат да замине?

9. Како ликовите опуштено се шетаат на шуми, не размислувајќи на сите можни инсекти и животни?

banalni-raboti-na-koi-razmisluvame-dodeka-gledame-filmovi-03.jpg

10. Зошто ликовите никогаш не ги заклучуваат вратите, не мијат заби наутро и слично?

11. Зошто актерите во Game of Thrones не носат капи кога се на минусни температури и се целосно опремени надолу?

banalni-raboti-na-koi-razmisluvame-dodeka-gledame-filmovi-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Мајката има 29, а синот 28 години – Филмови и серии во кои возрасната разлика на актерите е нелогичн... Сигурно знаете дека во историската драма Alexander, Анџелина Џоли ја глуми Олимп...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg